• Latest

МТСП: Подржани 1.223 нови вработувања со над 236 милиони денари грантови и субвенции за плати

May 15, 2020
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Подржани 1.223 нови вработувања со над 236 милиони денари грантови и субвенции за плати

May 15, 2020 11:39
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Активните мерки за вработување отвораат работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19. Со финансиска помош за вработување на невработени лица во висина од над 236 милиони денари подржани се 1.223 нови вработувања. Оперативниот план за вработување и во овие исклучително тешки услови се покажува како функционална рамка за отворање нови работни места која успешно го ублажува ударот на кризата и го олеснува опоравувањето на економијата.

Денес се врши првата исплата во износ од 28,5 милиони денари за веќе склучените договори за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“. Досега, за оваа мерка, се потпишани договори со 186 фирми, кои вработиле 268 лица, а грантот го добиваат за набавка на нова опрема или репроматеријали. Меѓу нововработените 128 се жени, а структурата на работните места покажува дека 147 лица имаат до 29 години и за нив компаниите добиваат неповратни 153.750 денари по лице. Една компанија може да аплицира за поддршка до 5 вработувања. Обврска на компанијата е младите лица да ги задржи на работа најмалку една година.

И за втората активна мерка за вработување „Субвенционирање на плати“, компаниите покажаа исклучителен интерес. Агенцијата за вработување го распиша јавниот оглас за мерката на почетокот на март и досега се потпишани договори со 722 компании за вработување на вкупно 955 лица. Меѓу нив има 461 лице до 29 годишна возраст и 491 жена. За новоотворените работни места исплатени се средства во износ од 207,7 милиони денари кон 702 правни субјекти, за вработување на 926 лица. За неколку дена ќе бидат исплатени дополнителни 6,6 милиони денари кон уште 20 правни субјекти за вработување на 29 лица.

Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12-месечна. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци.

Компаниите пројавија голем интерес за објавување на втор оглас и за двете мерки.

За мерката практиканство, потпишани се договори со 476 правни субјекти, за ангажирање на вкупно 544 невработени лица. Од нив, 476 се до 29-годишна возраст а 325 се жени. Практикантството трае 3 месеци, а исплатата се врши на крајот на секој месец, на сметка на практикантите, по претходен извештај од фирмата за редовност, во износ од 9.000,00 денари по лице за еден месец. Интересот на компаниите покажува дека ја препознаа можноста да обучат

кадар согласно своите потреби, а младите луѓе го прифаќаат практикантството затоа што им обезбедува добро работно искуство и им ги подобрува шансите за квалитетна работа.

Секое работно место е важно. Големиот интерес за мерките од Оперативниот план за вработување покажува дека имаме добро дизајнирана поддршка и за невработените и за компаниите. Продолжуваме да се грижиме за сите.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ