• Latest

МТСП: Системот за социјална заштита функционира непречено, ги охрабруваме жртвите на било какво насилство да ни се обратат

April 3, 2020

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Системот за социјална заштита функционира непречено, ги охрабруваме жртвите на било какво насилство да ни се обратат

April 3, 2020 12:20
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
„На лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија им овозможуваме брз влез во системот за социјална заштита. За да ја добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбедност на лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи. на сите членови во домаќинствата, по сите основи, сметано од последниот месец. Оваа мерка ќе трае два месеци април и мај, 2020 година. Предвидена е уште една мерка за поддршка на постоечките корисници во системот на социјална заштита, тие ќе добијат дополнителна исплата на енергетски додаток за месеците април и мај, а тоа се околу 30.000 корисници кои ќе добијат по 1.000 денари за месец април и мај. Целта е домаќинствата во ризик да ги пребродат тешкотиите во ваквата состојба.“ соопшти на денешната прес конференција заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.

„Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила со која условот за потврда за редовност за исплата на образовниот додаток за третиот и четвртиот мерен период од 2019-2020 година учебна престанува да важи. Тоа значи дека правото ќе продолжи да се исплаќа без разлика што имаме неодвивање на редовна настава, и не само за наредните месеци туку и за месеците во кои се одвиваше наставата односно за месеците јануари и февруари. Исто така, се продолжуваат и сите рокови за обнова на правата, како што се еднократна парична помош за новороденче, продолжување на правото за родителски додаток за трето и четврто дете и тоа за три месеци сметано од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Во однос на вчерашниот настан во Штип, сакаме да испратиме порака до сите нашите сограѓани, дека системот за социјална заштита функционира непречено и ги охрабруваме сите кои имаат потреба од било каква помош и поддршка особено оние кои се жртви на било какво насилство да се обратат во Центрите за социјална работа кои непречено функционираат и во овие вонредни услови“ истакна дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ