• Latest

МТСП: Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок, го унапредуваме квалитетот на грижа за секое дете

February 28, 2020

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок, го унапредуваме квалитетот на грижа за секое дете

February 28, 2020 15:38
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика продолжува со активности за подобрување на положбата на децата без родители и родителска грижа и унапредување на квалитетот на заштитата во згрижувачките семејства, како облик кој е најблизок до семејниот, согласно стратешката определба дека на секое дете му е потребно семејство.

Со Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги за вонсемејна заштита за 2020 година, како што информираат од МТСП, месечниот надоместок што го добива згрижувачко семејство за сместено дете се зголемува за 30 отсто, почнувајќи со јануарскиот надоместок, што е исплатен во февруари.

„Со новиот Закон за социјална заштита се воведе и роднинското згрижување како можност. Со новата одлука месечниот надоместок за згрижување дете без родители и родителска грижа изнесува 13.847 месечно, за разлика од претходно кога надоместокот беше 8.688 денари месечно. Надоместокот за згрижување на дете или лице со попреченост изнесува 16.219 денари месечно за лице со попреченост, за разлика од претходно кога надоместокот изнесуваше 11.361 денари. Ова право од социјална заштита го остваруваат 224 згрижувачки семејства“, соопшти кабинетот на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Од Министерството појаснуваат дека на згрижувачкото семејство му е потребен и друг вид поддршка и оти подготовката и изборот на згрижувачки семејства ја врши надлежниот центар за социјална работа.

„По изборот, згрижувачките семејства учествуваат во обуката и добиваат психолошка поддршка. Се прави проценка за секое згрижувачко семејство одделно за точно да се утврди каков вид поддршка му е потребна. Целта на оваа проценка е да се обезбедат сите услови за згрижувачкото семејство да се грижи за лицето на најдобар можен начин. Центарот за социјална работа развива индивидуален план за да му помогне на згрижувачкото семејство да ги реши проблемите како што се постигнување подобри оценки во училиштето, менување на однесувањето и стекнување животни вештини, како и управување со пари, време или простор за живеење“, велат од Министерството.

Со процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика една година порано од планираното успеа да ги извади сите деца од институциите за долгорочно сместување. Досега низ целата држава се отворени вкупно 22 групни домови во кои живеат стотина деца во атмосфера налик на семејната. Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да се грижи за секое дете и да ја јакне јавната свест за потребата, значењето и користа од процесот на деинституционализацијата. Истовремено, велат од МТСП, продолжува преселбата на возрасните корисници од институциите во државата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ