• Latest

Меѓу лудилото и барањето здрав разум

April 5, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Меѓу лудилото и барањето здрав разум

April 5, 2017 11:27
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Што мислите „пренајзбунети“ сограѓанки и сограѓани мои, додека ве гледам така замислени ем јавнати од лудаците… Кој би бил одговорот на обичниот Швеѓанец, Британец, Ирец, Исланѓанец, Данец, Французин, Грк…., кога би му се случило мнозинството пратеници во неговата држава да бидат спречени да го конституираат Парламентот и да изберат влада? Како би одговориле на такво газење по демократијата, што е вон здравиот разум?

Пишува: Петрит Сарачини

Би одговориле онака како што налага здравиот разум. Токму затоа, политичарите од Европа му порачуваат на Хорхе и на неговите босови, да го најдат здравиот разум. Оти, во нивните држави, се знае како завршуваат лудаците.

Ама, тој муабет не е порака само до началниците, туку до сите нас. Јасно е кажано, повеќепати низ изминативе години, од повеќе претставници на меѓународната заедница, дека решението може да дојде само однатре. Изборот меѓу лудилото и нормалноста е наш, и само наш. Не знам дали се разбравме, преубави ем презбунети мои, но, сите ние во Македонија, треба да го бараме одговорот и здравиот разум.

Зошто? Затоа што и покрај тоа што поголемиот дел на општеството е за промена на лудилото, ние сме фактички сè уште под чизмата на лудаците. Лудаци нè владеат, и прават што сакаат со сите нас, со нашите животи, институции, пари, здравство, училишта, природа, вода и воздух…, А ние тоа само го регистрираме и повремено јавно „офкаме”.

Што значи тоа? Е па, тоа значи дека целото општество е веќе во стадиум на некакво лудило или нарушена психосоматска состојба – целосно или латентно, присилно или доброволно, во почетни или подоцнежни фази и метастази. Да си знаете и да повториме, во лудилото не се само началниците и нивните слуги, туку сите ние. Секојдневието е неумолив аргумент и потсетник на тоа. Денеска ќе дознаете дека некој од власта си купил авион. Веста дека другиот вчера купил нафтена компанија е веќе речиси заборавена. За душеците и секси долната облека од 500 евра веќе и да не правиме муабет.

А зборувањето за студентката од Велес која почина пред неколку дена, чекајќи три месеци резултати на испитувањата, не само што е бајато и заборавено, туку и не е фенси. Тамара и многуте други случаи на умрени, убиени, затворени, погазени…, на украдените милијарди, на уништената држава во секоја смисла…, веќе речиси и да не ги спомнуваме. Не, сега се бавиме со Платформата, со репликите и контра – репликите и со другите процедурални таквости на узурпаторите на државата – криминалците од МВРО. И се обидуваме да најдеме рационално и разумно чаре. Лудило.

Се разбира дека лудаците уживаат во ова што го прават. Тие не само што не го бараат здравиот разум, туку Бога молат да не го најдат, макар и случајно. Крикот на Ставрески кого го слушнавме во „бомбите“ не се случи вчера, туку пред повеќе години. Во меѓувреме, состојбата не се подобри. Напротив.

Туку, што правиме ние? Толку ли е тешко да го дадеме единствениот разумен одговор на лудилово? Ќе одговориме, или ќе се затвориме во нашите интимни семејни, етнички, идеолошки, културолошки кожурци и кружоци и ќе се преправаме дека сме нормални?

Додека и ние, навистина не полудиме!?

Tags: авионЕвропалудилоМВРОнафтен бизнисначалници и слугиСтаврескиузурпатори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ