ЦИВИЛ – Центар за слобода в петок организира панел-дискусија за медиумите и за новинарството во изборниот процес, со учество на еминентни новинари од медиумите на македонски и албански јазик.„Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“ е тема на панел-дискусијата која во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, ќе се одржи на 24 февруари (петок), во хотелот „Парк Резиденс„, во 12:30 часот.
На панелот ќе учествуваат истакнати претставнички и претставници на медиумите кои ќе говорат за предизвиците на медиумите во текот на изборниот процес во Република Македонија. На дискусијата се поканети претставници на медиумите, на граѓанското општество, на политичките партии и заинтересирани граѓанки и граѓани. По кратките обраќања на панелистките и панелистите, ќе следи дискусија на која секој од поканетите ќе има можност да говори различни аспекти на оваа тема.
Панел дискусијата „Меѓу чеканот и наковалната“ е дел од проектот за изборен мониторинг „Напред!“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.