„Ние ги бираме политичарите и нопосредно влијаеме врз нив. Меѓутоа имаме неодговорни политичари и само го раскаруваат македонскиот народ. Претставниците на национално и локално ниво не сакаат да дојдат да се состанат со нас граѓаните, а лажат дека секогаш се во контакт со народот“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали граѓаните влијаат во донесување на одлуките на национално и локално ниво?
Друг граѓанин смета дека граѓаните може да влијаат во донесување на одлуки доколку се мешаат во политиката и се во контакт со политичарите.
„Никој не ги прашува граѓаните, меѓутоа треба да се консултираат, бидејќи мудроста е кај граѓаните, и мора да ги вклучат и граѓанските здруженија“, истакна еден граѓанин.
„Народот треба да се прашува за клучни и битни прашања преку референдум. Ако народот не се прашува тогаш кого треба да се прашува? За клучните прашања треба да се слушне гласот на народот“, додава друг граѓанин.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента