Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Мукоски и Сашо Василевски, денеска се повикани на распит во Основното јавно обвинителство, во врска со настаните од 27 април – „Крвавиот четврток“. На снимките од службените камери, како што соопштија истражните органи, се гледа како двајцата пратеници ги отвораат вратите од главниот собраниски влез, пред да влезе топлата, којашто нападна неколкумина пратеници.
„Не е точно сум повикан во Обвинителството, за нападите во Собранието,оваа информација е шпекулација. Не сум добил никаква официјална покана за распит за овој настан“, изјави Мукоски за mkd.mk.
На собраниските снимки се гледа дека освен овие двајца пратеници и нивниот колега, сегашниот кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода, Јохан Тарчуловски имал слична улога во настаните од 27 април.
Се очекува и тој во наредниот период да биде повикан на распит во ОЈО.
М.Т.