По повод Светскиот ден на културните различности, Хелсиншкиот комитет за човекови права организира настан „Турлитава – заедно е послатко“, кој ќе се одржи на 19 мај 2023 година (петок), со почеток во 16:00 часот во Паркот на франкофонијата – Мобилна галерија.
Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.
„Цениме дека со организирање на ваков настан на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Северна Македонија, директно ќе се посочи на различноста како можност за споделување.“, порачуваат од Хелсиншки комитет за човекови права.
Настанот се организира во рамки на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“ поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.