„Генерално сметам дека можеме да зборуваме дека медиумите се слободни. Сметам дека кај нас во голема мера се почитуваат слободата на медиуми и слободата на говор и дека во поретки случаи имаме примери на цензура. Сепак, пак, е тоа во формалниот дел, а во неформалниот дел со влијанија и притисоци, за тоа повеќе треба да говорат новинарите“, вели Атина Мургашанска, советничка на СДСМ во Општина Куманово, по повод 3 мај, Светски ден на слободата на медиумите.
„Сметам дека иднината на новинарството, на побрзиот начин на допирање до граѓаните и брзина на информации е токму во оваа современа, но и козервативна метода, поткастите, кои се компилација на старото радио и на новите – интернет порталите и социјалнирте мрежи. Конкуренцијата е здрава, нека ги има што повеќе, нека се слушнат повеќе мислења, нека е присутна опозицијата повеќе, моментално сме ние, но работите се менуваат, сеедно, трба да се подеднакво застапени и не само политичарите, граѓани со слободно мислечки ум со различни идеи, различни визии за општините, државата, општеството. Мислам дека тоа ќе даде поголем квалитет и за слободата на медиуми и воопшто за просперитетот на државата“, додава Мургашанска.
Б. Јордановска
фотографија и камера: Ариан Мехмети