Categories

ИЗВЕСТУВАЊЕ МВР апелира неовластено да не се употребува пиротехника за време на празниците

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.  МВР пособено апелира до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.

Б. Ј.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email