„Денеска во 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи ги достави до Државната изборна комисија податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, со што го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик“, објави на неговата официјална Фејсбук страница министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Со извршување на оваа обврска на МВР, се исполнува уште една задача од подготовките за спроведување на локалните избори есенва.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во петок го потпиша Решението за распишување на изборите за членови на советите на општините, Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, кои ќе се одржат на 17 октомври годинава согласно законската рамка и роковите утврдени со Изборниот законик.