• Latest

МВР: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

July 12, 2024

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

МВР: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

July 12, 2024 12:22
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути.

Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали, соопшти МВР.

Во објавите, како што велат од МВР, се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од истите со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на крипто валути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.

-УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите.

Регистрацијата е тривијална, не е потребна лозинка. Влегувате веднаш и од вас се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Тие се законски покриени бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување. Не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција, истакнуваат од МВР.

Моментално оваа кампања, како што се посочува во соопштението, е доста распространета на социјалните мрежи Facebook и Instagram ширум Европа и се прилагодува по земја, односно се користат имиња на познати личности за поголема легитимност на истата.

Од МВР велат дека постојат стотици лажни сајтови, лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со крипто валути.

-Почетната објава има форма на имитирање на порталот Кајгана (официјален сајт https://kajgana.com/), на линк кој води до страница на страницата minishouts.com. Објавата тврди дека е „избришано“ интервју во кое се тврди дека ја знае тајната за заработка со крипто тргување. Страницата има еден куп наводни сведоштва, односно коментари на објавите од ботови кои објавуваат дека заработиле многу пари користејќи ја платофмата, и има дури и слика од банка што покажува дека сето ова е точно и сите заработуваат многу пари, но сликата на изводот од банката е лоша изработка и го носи логото на Централна банка (Централната банка не издава изводи од банка на физички лица), се наведува во соопштението.

Оваа страница, како што велат од МВР, има еден куп фотографии од познати личности во Република Северна Македонија, кои наводно заработуваат многу пари од тргување. Исто така, ве поканува да се регистрирате.

-Страницата овозможува регистрација со случајни податоци, нема никаква верификација ниту лозинка додека легитимните платформи за тргување сè уште се бара да извршат процес „Запознајте го вашиот клиент“ (KYC) – што е наложено од финансиските системи за да идентификуваат потенцијално перење пари, стои во соопштението.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ