Од Министерството за внатрешни работи за ЦИВИЛ Медиа велат дека е дезинформација дека е уапсен Блерим Ахемети, братот на Ел Чека, кој преку својот профил објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ.
Ахмети пред неколку дена беше на чело на протестот на ДУИ, во Мала Речица.
Ел Чека доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавното обвинителство укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.
Д. Муратов