На 18 декември ве потсетуваме на 18 -иот член од Универзалната декларација за човекови права: Секој има право на слобода на мислата, совеста и вероисповедта; ова право ја вклучува и слободата за промена на вероисповедта или убедувањето и слободата човекот сам или во заедница со другите, јавни или приватно да ја манифестира својата вера или убедување по пат на настава, исповедување на верата и вршење обреди.
Религија е контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената.