Вчера попладне претставници од граѓански инцијативи се сретнаа со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на негов повик, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата на РМ.
Од иницијативата Го сакам Водно информираат дека некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од 1 км која би се исекла при изградба на гасоводот на Водно.
„Податоците на граѓанските иницијативи и теренското разгледување на трасата предводено од изведувачот Рапид Билд укажуваат на сосема друга, далеку подраматична состојба за степенот на уништување на шумите и биодиверзитетот кој би настанал при изградбата на гасоводот во парк-шума Водно“ велат од иницијативата.
Според договореното Анѓушев заедно со граѓанските иницијатви ќе ја помине предвидената траса на Водно за да се направи увид на штетата која би настанала. Терминот ќе се утврдува понатаму.
Б.Ј.