• Latest

На колку јазици ќе се препознаеме?

June 20, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На колку јазици ќе се препознаеме?

June 20, 2017 16:37
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јазикот не значи ништо, доколку не го познаваш човекот што го зборува тој јазик, да го познаваш мултидимензионално… За да знаеш да комуницираш на јазик различен од твојот, а се работи за јазик што е достапен и активен во речиси секоја општествена активност во блиското опкружување, треба да се има интересирање и желба…

Пишува: Диана Тахири

Деновиве почна да се емитува ТВ емисија за учење на три од многуте јазици кои се зборуваат во нашата земја: македонски, албански и турски. Според идејата, содржината, форматот и учесниците во емисијата, најверојатно е медиумски проект за зближување на етничките заедници, преку учење на јазиците на неколку од истите. Од тоа што можев да го видам, единствено што (досега) може(ше) да  се научи од емисијата е како да се изговорат поими што означуваат високи идеолошки општествени цели и норми, како што се зборовите „слобода“ и „братство“. Што значи дека не станува збор за учење на јазици, туку за реализирање на нечија идеја за добивање финансиска добивка од вечно актуелното прашање и тема – меѓуетнички односи, со користење на благо-револуционерни, шаблонски изрази што се носечки пароли по разни народни собири и протести.

Следниот збор што ќе го понудат да го научат луѓето, заинтересирани за учење јазици, очекувам да биде „правда“, или „еднаквост“, или нешто слично. Со оваа форма на „учење“ јазици, може да бидат задоволни единствено луѓе што се задоволуваат со познавање фрази од кој било друг јазик, различен од мајчиниот, за да биде „ин„ или „во тек„ кога ќе се најде во друштво на луѓе со различно етничко потекло од своето, колку да покаже дека – еве, јас знам како се вика тоа или тоа, и на твојот јазик. И, притоа, ако се најдат сред конверзација што се одвива на горенаведените јазици, да не разберат ништо, но да чувствуваат дека сепак, дале сè од себе, да научат нешто, но не се виновни што тие зборови кои ги научиле од ваквите емисии, луѓево не ги употребуваат во секојдневната комуникација.

На пример, одиш на Бит Пазар, наместо на Зелено Пазарче, за да вежбаш што си научил, на пример, на албански јазик. „Аирлија работа (на македонски), колку ви е кило слобода? (На албански, само слобода). Или, ми треба шише братство, од едно ипол литро… Фалеминдерит!“. Вака некако, според мене, би се користеле научените зборови од најновата емисија за учење јазици.

За да знаеш да комуницираш на јазик различен од твојот, а се работи за јазик што е достапен и активен во речиси секоја општествена активност во блиското опкружување, во прва рака, треба да се има интересирање и желба. Желбата не мора да биде од алтруистички или солидарни побуди, најдобро би било да е од практични потреби, но тоа е веќе индивидуално гледање и перцепирање на нештата. Тоа што му треба на ова наше, мултиетничко општество е меѓусебно запознавање на едно подлабоко ниво, запознавање со културата, традициите, историјата, книжевноста, музиката на другиот… Да го слушаш другиот, да слушаш кога ќе се најдеш во група што зборува различно од тебе, да бидеш трпелив, и да не мислиш дека те навредуваат со тоа што продолжуваат да зборуваат на нивниот јазик, иако си ти присутен, сигурно дека откако ќе ја завршат почнатата реченица, ќе се префрлат на твојот јазик, затоа што те почитуваат, и го познаваат твојот јазик… Затоа што, ако внимателно слушаш, ќе успееш да препознаеш зборови што си ги слушнал во некој друг јазик, па ќе си поврзеш нешто од муабетот. И потоа, ќе прашаш, не боли! Или, на кафе, комшиско, во домашна атмосфера, со деца, баби и останати… Многу се учи од тривијална комуникација, ама ако се слуша.

Кога станува збор за култура и традиции, не мислам на взаемно честитање верски празници и размена на прехранбени деликатеси, како што се Велигденски јајца и Бајрамска баклава, мислам на запознавање и размена на деликатеси од типот на – начин на живеење, поимање и барање сличности во навидум различни култури, и изучување и проучување на истите. Што се однесува до историјата, веќе со години постои Интернет, па сè што нè интересира за историјата на другиот, може да се пронајде таму, и потоа, да се разговара на таа тема со другите. Книжевност – да почнеме од детската.

Дали во основните училишта, во паралелките на македонски јазик, се застапени писатели на детска литература на албански јазик? И, зошто не? Ако не други, еве, како пример, писателот на детска проза и поезија, Фејзи Бојку, роден во Македонија. Или, на турски јазик, писателот Неџати Зекирија. Колку за почеток. Колку се познава музиката во изведба на албански музичари, на пример од минатиот век, и не, не мислам на „Лева Патика“ или на Бени Шаќири. Дали знаете кој е вокалистот на групата „Конкорд„ кој ја испеа „Високи штикли„? Тоа беше Сеат Јакупи, вокалот на групата “Telex”, составена од музичари Албанци, група која  ја одбележа младоста на македонските Албанци во осумдесетите и дел од деведесетите години од минатиот век. Побарајте ги нивните материјали, ќе слушнете одличен фанк… Дали знаете дека ромскиот јазик не се состои само од општопознатата и општоприфатена фраза „ава кари те буџафте нешто врло важно„, која се употребува во потсмешлив контекст? И дека Ромите имаат и други претставници на нивната култура и музика, освен Есма? На пример, одлични музичари во Македонската филхармонија, имињата откријте ги сами… Како и нивни колеги Албанци, и не само во Филхармонијата. Дали знаете дека има една оперска певица со беспрекорен, полн, лирски сопран, што веќе со години е примадона во Операта во Анкара, Турчинка, родена во Скопје, ученичка на Милка Ефтимова, неприфатена од Факултетот за музичка уметност, си го продолжи високото образование во Белград, па подоцна во Анкара. Се вика Рејхан Хаџимустафа – Горбил. Ја нарекуваат и „Кралицата на Тоска“ и настапува по белиот свет.. И никогаш не настапила на македонската оперска сцена, затоа што никој не ја поканува…

Сакам да кажам, ова е само еден минијатурен дел од културните ризници на заедниците во нашата земја, од блиска временска перспектива. Сакам да кажам, јазикот не значи ништо, доколку не го познаваш човекот што го зборува тој јазик, да го познаваш мултидимензионално.

И сакам да кажам, срамно е да ни плакнат мозоци со проѕирни идеи и проекти за површно (за)познавање на Другиот. Тоа веќе го имаме, дајте малку почит! Кон публиката, и кон нивните јазици.

Tags: албанскиалтруизамбратствомакедонскислободаТВ емисијатурски
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ