• Latest

На корупцијата има кој да ѝ се спротивстави

April 8, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На корупцијата има кој да ѝ се спротивстави

April 8, 2019 16:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кога ќе се спомне зборот „корупција“, најчесто нè потсетува на политичка корупција, односно на политичките партии и сите процеси во општеството поврзани со нив.

Но, во денешно време сведоци сме дека политичката корупција е навлезена во секој сегмент од нашето општество и живот. Успеа навлезе во спортот, уметноста, работата на граѓанинот, на нашите улици…

Кога станува збор за некакви политички избирачки процеси, тогаш корупцијата и најмногу расте. Македонското општество има еден голем тумор, коруптивен може да го наречеме, кој постојано се шири и никако не може да се отстрани. Во текот на избирачките процеси, политичарите во трката се подготвени на сè за да стигнат до моќ и контрола. Кога едно општество има долга пракса на непотизам и вработување со партиска книшка, потоа е многу лесно да се уценува народот.

Најзастрашувачки е фактот што постојат граѓани во нашето општество чиј глас се купува и за само 500 денари во текот на предизборните кампањи. Ветување дека тротоарите ќе им се поправат на улиците, дека ќе се зголемат пензиите, дека доколку дојде некој на власт ќе го поправат заборавениот култерен дом во општината и ред други пример, исто така спаѓаат на некој начин во политичка корупција, бидејќи по завршувањето на изборите, ветувањата се забораваат.

ЦИВИЛ објави публикација за антикорупцијата односно предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Публикацијата претставува избор од содржини објавени во рубриката МИСЛА на веб страницата www.civilmedia.mk од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година, а организираше и конференција „За општество ослободено од корупција“ на 6 декември 2018, во пресрет на Меѓународниот ден против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права. На конференцијата учествуваа премиерот Зоран Заев, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини, Розета Трајан и низа други експерти.

Инаку, со години наназад, ЦИВИЛ поведува или се вклучува во иницијативи за борба против корупцијата, а организацијата беше посебно активна во периодот на формулирањето на новиот антикорупциски закон и реформирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

ЦИВИЛ повеќе пати ги повика сите граѓанки и граѓани да пријавуваат секаков облик на корупција, а особено онаа во изборен контекст. Постојаните соработници, поддржувачи, членови, како и дологорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, го мониторираат изборниот процес уште од самиот почеток, по распишувањето на претседателските избори на 8 февруари. ЦИВИЛ во континуитет ги мониторира состојбите на човековите права и слободи и општествено-политичките процеси во Република Северна Македонија.

Мониторингот на ЦИВИЛ на денот на гласањето на првиот и вториот изборен круг ќе го спроведуваат околу 160 акредитирани набљудувачи. Набљудувачите се поделени во две групи, според проектите во чии рамки се спроведуваат овие активности и тоа, проектите „Граѓански објектив“, со поддршка од National Endowment for Democracy и проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, во чии рамки е и развојот на медиумската платформа на ЦИВИЛ, а со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Секој од проектите вклучуваат посебен фокус на правото на глас, политичката корупција и изборниот поткуп, заканите и притисоците, како и политичкото финансирање.

Во меѓувреме, Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, објави дека на нивната веб страница може да се поднесе Пријава за сомневања за незаконитости и прекршувања во изборниот процес и во изборната кампања што може да ја пополни секој што има сознананија за евентуални прекршувања на одредбите на Изборниот законик. Исто така, Ивановска потсети дека може да се користат информациите од Регистарот за службени возила на државни органи, локалната самоуправа и сите останати што користат државен капитал.

„ДКСК нема да дејстува на терен, тоа е спротивно на Законот. Но, ние соработуваме со организации што имаат свои акредитирани набљудувачи што ќе имаат теренски активности и ќе можат да пријавуваат кај нас“, изјави, меѓу другото, Ивановска на тематската прес конференција на 3 април.

Ангела Петровска

 

Share31TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ