На северот на Косово, во Зубин Поток, денеска, околу 14 часот, уапсени се уште двајца припадници на косовската полиција од српска националност, објави „Блиц“.
Како што објави онлајн-изданието на српскиот весник, овие апсења за разлика од, како што е наведено, бруталната акција во вторникот, не ја извршиле припадници на специјалната единица РОСУ, туку припадници на Истражната единица на Полицискиот инспекторат на Косово.
Во вторникот беа уапсени 11 полицајци Срби, а вчера беше уапсена припадничка на граничната полиција.