• Latest

На курс по германски

October 31, 2018

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На курс по германски

October 31, 2018 10:19
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

За првпат во мојот живот, присуствував на седница на Советот на Општина Аеродром. Зошто си ја нарушив мојата персонална и професионална идила за ова да го направам? Затоа што првпат во мојот живот некој политичар или политичка партија ме прави будала во здрав мозок, не дека сум нешто паметен, али па они не се нешто попаметни од мене па да ме прават будала и мене и моите комшии. 

Игор Изотов

Накратко, што се случува… Во мај 2017, во доцните вечерни  часови, претходниот градоначалник со мнозинството во Советот, си изгласа навидум суициден еколошки план да се изградат 40+ згради на место на зеленило и паркчиња. Инаку, во тоа време имало 27 советници од кои 17 биле од ВМРО и другите 9 – СДСМ. Од нив, 15 биле „за“, другите биле „против“, али важно бил усвоен тој ДУП. Бидејќи знаеме како сè тоа функционира во Македонија, којзнае кој што ќарил, дали во стан дали во попуст, или дај Боже, во некоја натура од некоја надежна советничка.

Е сега, за цела среќа, неколку месеци подоцна, имаше избори на кои сегашниот градоначалник доби на избори и мнозинство во Советот. Најголемиот проблем настанува што, иако на избори е ветено дека сè тоа што е донесено од претходните ќе се поништи и стопира, зградите си никнуваат една по една. Кога почнаа првите испитувања на местото на најспорната зграда, спроти Мајчин Дом (кој со истиот, или со сличен ДУП, треба да стане Градска болница), се собиравме доста спонтано, по една објава дека во недела во 4 попладне се копа, се договоривме со комшиите од околните згради да поиграме фудбал и да кажеме дека не ја бива вака работата, треба зеленило – не згради, од ни помалку, ни повеќе – 8 ката, плус приземје, или 240 стана вкупно. (интересна изјава има од градоначалникот дека успеал да го убеди инвеститорот да скрати 3 -4.000 квадрати, односно, 10-20 стана. Браво!!!)

Е сега, да се вратиме на седницата на Советот на Општина Аеродром. Нели, бидејќи живееме у дигитална ера уредно отидов неколку саати (околу 11) пред самата средба, да поднесам барање дали може како граѓанин на оваа општина да присуствувам на советот закажан во 16:30.

Како наближуваше кобниот саат, така и мојата возбуда растеше. Се дотерав дури, исто ко на избори. Идам уредно на шатлер со двајцата пајташи кои, исто така, нејќат некој да ги прави глуп у здрав мозок.

Прв удар на портирница. Ни барањето (уредно поднесено и потпишано за кое имам и архивски број) го добиле, ни знаат што се случува, али сепак ни дозволуваат да одиме зашто, нели, ние сме народот, а со народот никој не се задева. Влегуваме во салата на Советот и таму од прва добиваш шок…

Поделеноста во нашето општество се гледа и во начинот на поставеноста на столчињата. Од десна страна позицијата на чело со градоначалникот, а од лева страна опозицијата и помеѓу како автопат голем простор. Седнувам у заден ред таму у ќошето (народот е секогаш последен) и почнувам да набљудувам. Прво што ми поминува низ ум е дека целиот собир повеќе ми личи на маалска крчма каде луѓето се дојдени да се видат, да си разменат по некој збор, а не дека одлучуваат за 100.000 луѓе (ваљда толкава ни е општината). Од лицата можеш да им прочиташ дека сите да се свесни дека сè на дневниот ред (има пар точки на дневен ред) е однапред одлучено, само треба да го потврдат со кревање на рака, исто како што креваш рака у кафана за уште една тура ракија.

Уште од почеток фрки, претседателката на Советот прашува: „Дали сме сите тука?“. А сите во еден глас одговараат: „Не, не, Стојко касни, да го почекаме” . Е тука си викам, Игорче, не си ти во крчма дојден, таму има ред. Ова е час по германски, два пати неделно идеш, се гледаш со другарчињата, и се чаталиш на наставничката и си идеш. Со таа разлика што овие „ученициве” зимаат пари за овие седници.  И така, место да почнеме во 16,30 седницата почнува во 16, 34.

Од самиот почеток тотално се изгубив во тоа говорите, па точки на дневен ред, па формулации, па прегласување, па не гласаме… Ништо не разбирам! Нада! А магистериум сум завршил. Сра – мо -тааа!!!

На радоста и нема крај кога советникот нешто не знае, па сите заедно во еден глас довикуваат да му помогнат на говорникот. И  тоа, ни повеќе, ни помалку, доктор. И тоа познат доктор! А бе, си мислам, што бараш ти другар, да се девалвираш во оваа крчма наречена Совет на Аеродром? Па уште, место да докторуваш, ти со адвокати се спремаш и ја браниш баграта што гласала против зеленило. А самиот кажуваш да се разјаснело, да не ве плукал народ по улица… Ама, најмал проблем се тие спремните советници. Најинтересни говорници се тие како од комитскине филмови искочени, оние што во кафана наздравуваат за Гоцета, за Јанета, за Питу…, па после за здравје и деца, па неартикулирано ќе издебатираат нешто од типот: „Ние го гласавме ДУП-от, изгубивме на избори, било што било и како сме гласале ај да заборавиме, па сега ново на ново“… Народски кажано парадоксалноста на целата ситуација е што истите они кои гласале нешто да се изгради и уништи зеленило, сега се за мораториум на истите градежни активности.

Други романтични моменти  се кога си праќаат смешки и потајно си намигнуваат еден на друг, така далеку седнати, па кога си се обраќаат на прво име. „Ех Злате, ах Иванче и убаво девојче“… Па, оние моменти кога еден на друг си викаат „ај се кладиме“, и тоа советник на градоначалник… А бе, во ова царство владее другарство – е заклучокот. Секако, има пар нервозни изјави од типот – „Што барате да живеете у град, идете живете во некое село ако нејќете зграда”, ама тие се занемарливи во целиот тој пандемониум.

На крајот на денот: бев на театар комедија фристајл, Монти Пајтон во живо и тоа за беспари. И, како што би рекла една соговорничка, „премногу филмови премалку реалност“…

Print Friendly, PDF & Email
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ