• Latest
Lukas Blazek on Unsplash

На општинско ниво, најголем проблем за граѓаните се уличните кучиња, најмал проблем е национализмот

November 9, 2021
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

На општинско ниво, најголем проблем за граѓаните се уличните кучиња, најмал проблем е национализмот

November 9, 2021 16:01
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Lukas Blazek on Unsplash

Lukas Blazek on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиов месец ЦИВИЛ спроведе низа анкети, вклучувајќи и неколку теренски (видео) анкети, прашања на Фејсбук страницата на организацијата и преку онлајн прашалник на кој одговориле 165 граѓан(к)и, кои се активни членови на граѓанските организации и поддржувачи на ЦИВИЛ.

Граѓанките и граѓаните одговараа на прашањето на ЦИВИЛ: Кои се 5-те најголеми проблеми во вашата општина? 

ЦИВИЛ на граѓан)к)ите им даде 20 можни одговори од кои штиклираа 5 најголеми проблеми во нивната општина. Исто така на самиот прашалник покрај понудените одговори, имаше и можност граѓаните самите да напишат кои се проблемите во нивната општина, доколку тие проблеми не беа наведени во прашалникот.

Како најголем проблем испитаниците го издвојуваат проблемот со уличните кучиња. Дури 92 отсто од граѓаните сметаат дека општинските власти треба да го решат проблемот со уличните кучиња, односно да ги згрижат во соодветни места.

Како втор проблем го наведуваат проблемот со недостаток на паркинг места. Дури 89 отсто од испитаниците одговориле дека нема доволно паркинг места.

Трет најголем проблем во општините се наведува аерозагадувањето, односно 80 отсто од испитаниците сметаат дека општините треба да го решат проблемот со загадениот воздух, особено во зимскиот период.

Како четврти најголем проблем, испитаниците ги посочуваат неасфалтираните улици. Овој проблем го истакнуваат 69 отсто од нив.

Како петти најголем проблем се наведени дивите депонии, односно 68 отсто од испитаниците сметаат дека дивите депонии се еден од најголемите проблеми во општините.

Потоа, околу 58 отсто од граѓаните сметаат дека има сообраќаен метеж, што покажува дека недостасува подобро планирање и организирање на сообраќајот.

Исто така, над 65 отсто велат дека во општините низ државата нема пешачки и велосипедски патеки, додека 36 отсто од граѓаните одговориле дека нема ниту тротоари во делови од нивните општини.

Околу 51 отсто од испитаниците одговориле дека нема пристапност за лицата со попреченост.

Помалку од половина, односно 48 отсто од испитаниците сметаат дека недостасуваат зелени површини во општините.

Дека има корупција во локалната власт, посочиле 48 отсто од испитаниците, исто како и во одговорот за недостаток на зелени површини.

Околу 45 отсто од испитаниците одговориле дека недостасуваат градинки во нивните општини.

Проблем со водоснабдувањето има 25 отсто.

Околу 24 отсто велат дека има дискриминација и нетранспарентност во општините, додека 17 отсто одговориле дека постои национализам.

ПРОБЛЕМИ ПО ОПШТИНИ

Скопје

Општините во состав на Град Скопје од кои дојдоа одговори од испитаниците се Бутел, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Центар, Чаир, Ѓорче Петров и Сарај.

Бутел

Аерозагадување, Пешачки и велосипедски патеки, Сообраќаен метеж, Згрижување на улични кучиња, Недостаток од зелени површини

Во населеното место Радишани нема тротоари, пешачки и велосипедски патеки, згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација, улично осветлување, пристапност за лица со попреченост, Недостаток од зелени површини, Диви депонии, Недостаток од градинки

Во с. Љуботен нема тротоари, атмосферска и фекална канализација, имаат проблем со снабдување со вода, диви депонии и им недостасува градинка.

Аеродром

Во општината Аеродром како најголеми проблеми граѓаните ги истакнуваат следните: Аерозагадување, сообраќаен метеж, атмосферска и фекална канализација, пристапност за лица со попреченост, урбан хаос, неасфалтирани улици, згрижување на уличните кучиња

недостаток од паркинг места, национализмот, недостапност на органите на општината, корупција, недоволна транспарентност, недостаток од зелени површини, диви депонии, недостаток од градинки, недостаток на културни манифестации и библиотека.

Во Ново Лисиче недостасуваат јавни фонтани/чешми за пиење вода.

Гази Баба

Во општина Гази Баба има проблем со аерозагадување, нема пешачки и велосипедски патеки, во одредени населени места има недостаток на снабдување со вода, нема пристапност за лица со попреченост, има недостаток од зелени површини, владее корупција, да се згрижат уличните кучиња, нема доволно градинки и паркинг места.

Кисела Вода

Најголеми проблеми во општина Кисела Вода се следниве: нема тротоари, пешачки и велосипедски патеки, улично осветлување, недостаток од паркинг места. Потребно е да се најде сместување на уличните кучиња, има недостаток на зелени површини, градинки, паркинг места. Исто така општинските власти треба да работат и на тоа да се намали национализмот и аерозагадувањето.

Карпош

Во општина Карпош граѓаните сметаат дека треба да има повеќе пешачки и велосипедски патеки, згрижување на уличните кучиња, има недостаток од зелени површини, недостаток од паркинг места, аерозагадување, се уште има диви депонии и корупција.

Карпошани исто така како проблем го посочуваат непланското урбанизирање и градење на висококатници и узурпирање на зелените површини. Нема доволно контејнери.

Центар

Во општина Центар најголем проблем е сообраќајниот метеж, уличните кучиња, несоодветна атмосферска и фекална канализација, има недостаток од зелени површини, диви депонии, недостасуваат паркинг места, има аерозагадување, треба повеќе пешачки и велосипедски патеки. Центарци бараат Општината да инвестира во промена на фасадите на старите згради со енергетско-ефикасни фасади.

Чаир

Како најголем проблем во општина Чаир се наведува сообраќајниот метеж, корупција, урбан хаос (урбана мафија), национализам, улично осветлување, недостаток од паркинг места, аерозагадување, нема (слободни) тротоари и пешачки и велосипедски патеки.

Исто така чаирчани велат дка не се одржува градска хигиена, насекаде има расфрлани отпадоци и ненавремено празнење на контејнерите.

Ѓорче петров

Во населба Ѓорче Петров како најголеми проблеми се наведуваат неасфалтирани улици, нема тротоари, недоволно снабдување со вода, недостаток од зелени површини и паркинг места, како и проблеми со аерозагадување.

Сарај

Во с. Копаница има неасфалтирани улици, диви депонии, недостасува градинка, нема атмосферска и фекална канализација.

Во с. Рашче има недостаток со снабдување со вода, диви депонии, дискриминација, неасфалтирани улици и нема тротоари.

*

Битола

Во општина Битола најголеми проблеми се аерозагадувањето, сообраќајниот метеж, згрижување на уличните кучиња, дивите депонии, недостаток од градинки, неасфалтирани улици, снабдување со вода (особено во Баир).  Недостиг на игралишта за деца и спортски терени, да се селектира отпадот, недостатокот од затворен базен…

Велес

Во општина Велес најголеми проблеми се: Неасфалтирани улици, нема доволно пешачки и велосипедски патеки, има голем сообраќаен метеж, нема центар за згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација. Владее урбан хаос, дискриминација, национализам, корупција, нетранспарентност, недостапност на органите на општината. Има диви депонии и нема доволно паркинг места.

Гевгелија

Во општина Гевгелија нема доволно тротоари, нема пристапност за лица со попреченост, има диви депонии, нема доволно паркинг места и има корупција на локално ново.

Гостивар

Во општина Гостивар има недостаток на градинки, зелени површини, паркинг места, улично осветлување. Граѓаните сметаат дека има корупција, дискриминација, во некои делови има недостаток на вода, бараат да се реши проблемот со дивите депонии и со уличните кучиња.

Во гостиварско с. Дебреше нема тротоари, жителите имаат проблем со улични кучиња, немаат атмосферска и фекална канализација, имаат недостаток со снабдување со вода како и со дивите депонии.

Делчево

Во општина Делчево како проблем се посочува згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација, има недостаток од градинки, корупција. Граѓаните бараат транспарентност, да имаат асфалтирани улици, пешачки и велосипедски патеки, улично осветлување и паркинг места.

Исто така бараат хортикултурно уредување на влезот во градот од двете страни на булеварот, и единствениот семафор да се замени со кружен тек.

Јегуновце

Како најголеми проблеми во општина Јегуновце се истакнуваат неасфалтираните улици, згрижување на улични кучиња, пристапност за лица со попреченост, диви депонии, корупција и нетранспарентност на општината.

Кавадарци

Во општина Кавадарци како најголеми проблеми се посочуваат: Аерозагадување, неасфалтирани улици, сообраќаен метеж, непристапност за лица со попреченост, диви депонии, дискриминација, корупција, недостапност на органите на општината, пешачки и велосипедски патеки, згрижување на улични кучиња.

Карбинци

Во општина Карбинци во с. Долни Балван се истакнува дека има неасфалтирани улици, улични кучиња, а нема тротоари, пешачки и велосипедски патеки и улично осветлување.

Кичево

Во општина Кичево најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните се аерозагадување, згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација, диви депонии, дискриминација, нема пешачки и велосипедски патеки, ниту пристапност за лица со попреченост, има недостаток од зелени површини.

Кочани

Во општина Кочани недостасуваат паркинг места, нема тротоари, нема центар за згрижување на улични кучиња, нема пристапност за лица со попреченост, недостасуваат пешачки и велосипедски патеки, но, има корупција и дискриминација.

Крива Паланка

Во општина Крива Паланка најголем проблем се неасфалтирани улици, сообраќаен метеж, улично осветлување, диви депонии, дискриминација и аерозагадување. Постојано има паркирани возила на улица или тротоари бидејќи нема паркинг места.

Кривогаштани

Во општина Кривогаштани најголеми проблеми се аерозагадување, неасфалтирани улици, згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација и нетранспарентноста.

Куманово

Во општина Куманово најголеми проблеми се: Неасфалтирани улици, нема тротоари, сообраќаен метеж, нема центар за згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација, урбан хаос, недостаток од зелени површини, градинки и паркинг места. Има дискриминација, корупција, и загаден воздух.

Исто така проблем е и големата невработеност, има недостаток на фабрики, фирми и културен живот.

Маврово и Ростуше

Во општината Маврово и Ростуше има неасфалтирани улици, улични кучиња, нема атмосферска и фекална канализација како и пристапност за лица со попреченост. Исто така имаат проблем и со диви депонии.

Македонски Брод

Во општина Македонски Брод најголеми проблеми се: нема пешачки и велосипедски патеки, нема каде да се згрижат улични кучиња, нема соодветна атмосферска и фекална канализација, има диви депонии и недостаток од паркинг места.

Неготино

Во општина Неготино како најголеми проблеми се истакнуваат снабдување со вода, нема пешачки и велосипедски патеки, нема центар за згрижување на улични кучиња, нема пристапност за лица со попреченост, има недостаток од зелени површини.

Во с. Тимјаник покрај истите проблеми како во општина Неготино, тимјанчани се соочуваат и со

неасфалтирани улици и имаат недостаток од градинка.

Петровец

Во општина Петровец најголеми проблеми се: Неасфалтирани улици, нема тротоари ниту пешачки и велосипедски патеки, нема центар за згрижување на улични кучиња, нема соодветна атмосферска и фекална канализација, нема пристапност за лица со попреченост. Има диви депонии, дискриминација, национализам  и аерозагадување. Исто така има недостаток од градинки, улично осветлување и достапност на органите на општината. Исто така како проблем го посочуваат ископот на песок.

Охрид

Во општина Охрид како најголеми проблеми се посочуваат дека се: Урбаниот хаос, неасфалтирани улици, згрижување на улични кучиња, недостаток од зелени површини, недостаток од паркинг места, непристапност за лица со попреченост, корупција, нетранспарентност, недостапност на органите на општината како и невработеноста, особено кај младите.

Пехчево

Во општина Пехчево најголеми проблеми се уличните кучиња, атмосферска и фекална канализација, диви депонии, нетранспарентност и недостапност на органите на општината.

Прилеп

Во општина Прилеп најголеми проблеми се: Неасфалтирани улици, атмосферска и фекална канализација, улично осветлување, урбан хаос, недостаток од градинки, недостаток од паркинг места, корупција, дискриминација, нетранспарентност и недостапност на органите на општината.

„Едноставно фали се! Имаме проблеми со патиштата, дупките, водоводот, канализацијата, ѓубрето, спортот, транспарентност на институциите, селективна правда, партиски вработувања едноставно со се имаме мака.

„Ни недостасуваат фабрики каде што ќе може да се вработат граѓаните и со тоа би се намалило партиското вработување“.

„Клиентелизам на администрацијата и немање стратегија во кој правец треба да се развива општината“.

„Главна депонија кај Алинци чиј обем претставува огромен проблем и еколошка катастрофа. Незаинтересираноста и неодлучноста да се преземат мерки за да се реши проблемот од страна на надлежните лица во изминатите 20 години до сега, ги носи граѓаните, особено лицата кои живеат близу депонијата да се соочуваат со секојдневни тешкотии“.

Пробиштип

Во општина Пробиштип недостасуваат: Пешачки и велосипедски патеки, центар за згрижување на улични кучиња, пристапност за лица со попреченост, да се исчистат дивите депонии, има недостаток од паркинг места, нема тротоари и да има простор за младите.

Радовиш

Во општина Радовиш најголеми проблеми се дивите депонии, недостаток од градинки, недостаток од паркинг места како и немањето пристап за лица со попреченост.

Ресен

Во општина Ресен како најголеми проблеми се наведени: Згрижување на улични кучиња, атмосферска и фекална канализација, снабдување со вода, диви депонии, недостаток од паркинг места, аерозагадување, неасфалтирани улици и транспарентноста.

Свети Николе

Во општината Свети Николе недостасуваат пешачки и велосипедски патеки, улично осветлување, снабдување со чиста вода, недостаток од паркинг места и да се искорени корупцијата.

Струга

Во општина Струга како најголеми проблеми се истакнуваат: Неасфалтирани улици, нема пешачки и велосипедски патеки, да се направи центар за згрижување на улични кучиња, снабдување со вода, има недостаток од градинки.

Студеничани

Во општина Студеничани најголеми проблеми се: Неасфалтирани улици, нема атмосферска и фекална канализација, снабдување со вода, диви депонии и дискриминација.

Во Долно Количани како најголем проблем се истакнува дека немаат атмосферска и фекална канализација.

Тетово

Во општина Тетово како најголем проблеми се посочуваат: Aерозагадување, згрижување на улични кучиња, снабдување со вода, урбан хаос, недостаток од зелени површини, диви депонии, недостаток од паркинг места.

Чашка

Во општина Чешиново и Облешево, (Горно Јаболчиште) нема тротоари, атмосферска и фекална канализација, пристапност за лица со попреченост, како и центар за згрижување на улични кучиња.

Штип

Во општина Штип најголеми проблеми се: Сообраќајниот метеж, нема пешачки и велосипедски патеки како и пристапност за лица со попреченост, улично осветлување, неасфалтирани улици, нема доволно тротоари, аерозагадување, згрижување на улични кучиња, урбан хаос, недостаток од зелени површини, диви депонии, недостаток од паркинг места, дискриминација, национализам, корупција и нетранспарентност.

Берово

Во општина Берово најголеми проблеми граѓаните ги истакнуваат: Неасфалтирани улици, нема пешачки и велосипедски патеки, нема центар за згрижување на улични кучиња, нема доволно улично осветлување, има диви депонии, корупција, дискриминација… Недостасува и вработување на младите за да не бегаат од општината.

Заклучок

Според одговорите што ги добивме може да се заклучи дека на локално ниво граѓаните имаат други секојдневни проблеми за разлика од националните прашања.

За време на изборната кампања за Локалните избори 2021, говорите и ветувањата на политичките партии пред се поврзани беа со национални политики, наместо со локални проблеми.

Најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните се уличните кучиња, аерозагадувањето, недостаток на паркинг места, додека најмал проблем им е национализмот, дискриминацијата и нетранспарентноста на општините.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ