• Latest

На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

August 21, 2023

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото е во полоша резолуција, како што е случај со видеоматеријалот во оваа објава на Фејсбук, има уште поголема сличност

August 21, 2023 09:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци. Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото е во полоша резолуција, како што е случај со видеоматеријалот во оваа објава на Фејсбук, има уште поголема сличност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал, за којшто се тврди дека наводно го прикажува претседателот на Украина, Володимир Зеленски како игра стомачни танци во светкав костум. Во самата објава со навредливи зборови се вели:

Секогаш кога ти требаат повеќе пари, мора да им дадеш добро шоу. Мајмунот стручњак.

Објавата го промовира и наративот за лична дискредитација на Зеленски кој е присутен подолго време, а тоа е дека поранешен шоумен не може да води држава како претседател. Овој наратив се споделува наспроти јасно изразената волја на граѓаните на Украина на демократски избори да го одберат Зеленски за претседател и наспроти неговата цврста и одлучна позиција да ја брани татковината од руската неиспровоцирана инвазија.

Меѓутоа видеоматеријалот што се споделува не е од Зеленски. На оригиналното видео танцува танчерот Пабло Акоста. Видеото го објави Џош Прај на својот Инстаграм профил на 1 јуни 2023 година.

Проверувачите на факти од Тејит, Турција, пишуваат дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста.

Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото е во полоша резолуција, како што е случај со видеоматеријалот во оваа објава на Фејсбук, има уште поголема сличност.  Видеоматеријалот е споделен со цел да се исмева Зеленски и да се перципира како несериозен. Особено што видеото е споделено во период кога Украина ја спроведува контраофанзивата и во период на воена инвазија на Русија.

Проверувачите на факти на Дезинфо детектор пишуваат дека видеото почнало најнапред да се шири од руски профили на Фејсбук и Тик Ток.

Проверувачите на факти на Ројтерс, исто така, објавуваат дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци.

Веќе подолго време Зеленски на социјалните мрежи е посочуван како да е дел од видеа со забавна содржина (кои имаат за цел да го претстават како несериозен), а кои, всушност, не се од него. Таков е овој пример.

Но, има и вистинско видео каде што Зеленски е победник на шоуто Танц со ѕвездите од 2006 година.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти во видеото што се шири со оваа објава на Фејсбук е украинскиот претседател Зеленски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ