На полицијата во Нов Зеланд и пукна филмот!

На полицијата во Нов Зеланд и пукна филмот, по многуте пријави до нив дека Фејсбук и Инстаграм не фукнционираат, откако вчера беа мета на сајбер напад, па дел од корисниците не можеа да ги користат нивните услуги.

„Знаеме. И нашиот Фејсбук и Инстаграм не работат. За жал, ние не можеме да сториме ништо околу тоа, затоа што, како што знаете, тие се со седиште во Америка, а ние сме полиција. Затоа ве молиме не ни се јавувајте за да го пријавите тоа кај нас. Навистина ве молиме!“, стои во твитот на полицијата во Нов Зеланд.

М. И.