• Latest

На пописот граѓаните не мора да дадат одговори за етничката и религиската припадност и за јазиците

February 5, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На пописот граѓаните не мора да дадат одговори за етничката и религиската припадност и за јазиците

February 5, 2021 14:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април 2021, каде што истакна дека македонските државјани кои се во странство може да се попишуваат на посебна апликација за попис или за нив податоци да даде некој близок. Тие со ковид ќе се попишуваат според протоколи на Министерство за здравство. Ќе има најмалку 5.500 попишувачи, а освен на терен, ќе се користат и бази на податоци од институции. Тој потенцира дека граѓаните ќе треба да одговорат на шеесетина прашања во рамки на пописот кој ќе се одржи од 1 до 21 април годинава, а смеат да не одговорат само на три прашања.

Државниот завод за статистика ја објави методологијата за пописот, со која се регулирани подготовката, организацијата и спроведувањето на статистичката операција. Предвидено е пописот да се спроведе од 1 до 21 април годинава, а од 1 до 15 март ќе биде овозможено предпопишување за одредени категории луѓе, како луѓе без документи, затвореници и притвореници, претставници на армија и дипломатски претставници во странство. Тие што имаат ковид или во изолација ќе се попишуваат според протоколи од Министерството за здравство, рече директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски.

„Граѓаните мора да одговорат на сите шеесетина прашања кои ќе им бидат поставени. Секако, голем дел од одговорите ќе ги извади самиот систем, користејќи ги базите на податоци. Единствените прашања на кои граѓаните нема да мора да одговорат се за етничката припадност, за религиската припадност и за јазиците. Согласно законот, ние сме обврзани да ги објавиме податоците шест месеци по завршувањето на пописот, но јас сметам дека ќе успееме многу порано да го сториме тоа. Нашата цел е за три месеци да ги објавиме резултатите. Така ќе имаме свежи податоци“, рече Симовски.

За спроведување на пописот е избран комбинираниот метод, односно ќе се користи комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување, со податоци од претпописна статистичка база на податоци која содржи податоци добиени од постоечки регистри кои се поврзани со користење на единствниот матичен број (ЕМБГ) на граѓанинот. Заводот направил посебна пописна база во која влегуваат базите на МВР, Централен регистар, на Агенцијата за вработување, МОН, Министерството за труд и социјала, УЈП, Агенција за катастар, матични книги и расположливите податоци од заводот на статистика.

„Вака се намалува потребното време за вршење на пописот, но се намалува и трошокот на целокупната операција, но и потребното време за обработка на податоците, конечни податоци за пократок период, рече“, вели тој.

Симовски апелира оваа операција сите да ја сфатат многу сериозно.

„Можеме сѐ да проверимe, така што апелирам, но и потенцирам дека сѐ ќе се проверува, никој да не се обидува да дава погрешни податоци бидејќи сѐ е проверливо и докажливо… апелираме сите граѓани да ја сфатат оваа операција многу сериозно бидејќи е во интерес на сите граѓани“, рече Симовски.

Тој не сакаше да ги коментира политичките изјави за пописот, вели дека пописот е регулиран со закон, а законот сите мора да го почитуваат.

Симовски нагласи дека ќе има 50 комисии на пописни региони кои треба да овозможат услови за спроведување на пописот, ќе има 150 државни инструктори, вработени во Заводот кои треба да надгледуваат, потоа 500 реонски инструктори, контролори на попишувачите и најмалку 5.500 попишувачи, а ќе има и резервни попишувачи за да нема застој при операцијата.

Пописот ќе се спроведува на седум јазици, а во домот на попишуваните може да влезе еден попишувач, прашалниците треба да бидат потполни за да се признаат.

Ќе го попишуваат резидентно и нерезидентно население. Со пописот не се опфатени лицата од дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства, претставници на меѓународни организации кои во моментот на пописот се во Македонија, странски државјани кои се нашле тука за време на пописот заради службен пат или туристички. Не се попишуваат ниту становите на дипломатските претставници, становите во сопственост на други држави, ненаселени станови, иселени поради рушење, станови без одобрение за вселување, домови за стари лица, за студенти, манастирски конаци.

Диеректорот на аводот вели дека во резидентно население спаѓаат државјаните на С. Македонија кои живеат тука без разлика дали се или не во местото на живеење за време на пописот, но се во С. Македонија, странци кои се тука повеќе од 12 месеци кои имаат одобрен престој, државјани на С. Македонија кои имаат живеалиште тука, но се во странство ама помалку од 12 месеци поради работа или друга причина, потоа наши државјани кои се на работа во странство како во амбасади, во ОН и нејзнините организации, претставници на стопански комори во странство, воени претставници. На пописот ќе се попишат и странци со признато право на азил или бегалец.

Во нерезидентно население спаѓаат оние кои се повеќе од 12 месеци надвор од С. Македонија и странци кои се тука со одобрение со привремен престој, но се тука помалку од 12 месеци, односно една година.

Симовски вели дека Државниот завод за статистика овозможил апликација за самопопишување на лицата кои се во странство, без разлика на времетраењето, која ќе биде функционална од 1 март до 21 април, и на неа не може да пристапи некој што е во земјава. Тој додаде дека е дадена и можност за лица кои се во странство податоци да дадат нивни блиски кои живат во земјата, но кои добро ги знаат сите потребни податоци за тие кои се во странство, но податоците треба да бидат потполни.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Опозицијата бара пописот да се одложи за наредната година, или да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ почна да собира потписи за укинување на Законот за попис.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ