• Latest

На здравје алтруизам и активизам, Македонијо!

December 11, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На здравје алтруизам и активизам, Македонијо!

December 11, 2017 12:25
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на оваа академска година, професорката по психологија со нас студентите сподели приказана што ја слушнала на настан каде била говорник.

Пишува: Софија Стојановска

Детенце од Битола го посвоиле во Струмица и родителите, старатели, го пратиле во училиште за деца со пореченост.

Детето го примиле во училиштето со категоризација лесна интелектуална попреченост, но некој забележал дека всушност не се работи за интелектуална попреченост. Подоцна се дознава дека всушност родителите го категоризирале и го пратиле во училиште за лица со попреченост, само поради паричниот додаток што семејството го добива.

Мојата професорка интервенирала​.

По извесно време имав можност да посетам училишта за лица со попреченост.

Во ПОУ „Иднина“, Чаир, запознав дете за кое педагогот на училиштето рече дека е многу добро напредува и смета дека има многу минимална интелектуална попреченост, а ако остане во таа средина ќе нема простор за поголем напредок.

Мене веднаш ми светна и ја прашав на следното предавање професорката што се случи со детето за кое раскажуваше. Детето го одзеле од посвоителите и во моментот се следи неговото однесување. Низ муабет ги поврзавме конците. Се работеше за истото детенце.

Поминаа две недели од разговорот со професорката. Сè уште ме држи она чувство на непријатност. Чувствувам огромна потреба да се втурнам во училиштето, да добијам некоја информација плус, да се борам за ова дете.

Плачам во себе и размислувам уште колку вакви случаи постојат за кои јавноста нема слушнато, колку деца се експлоатирани и третирани како експеримент, машина за пари на родителите.

Помислувам и на сите деца кои просат по кафулињата додека јас безгрижно уживам во мојата шолја топло макијато. Деца кои, исто така, се експерименти на несовесни родители, деца третирани како објекти.

А, ние сè уште молчиме. Всушност, од време на време знаеме да проговориме за некоја ситуација налик на оваа… И таа еуфорија не држи час, два или пак два три дена.

А, потоа… Потоа пак си пиеме кафе безгрижно додека го гледаме девојчето како премрзнато продава марамчиња меѓу масите во кафулињата.

Такви сме ние луѓето, како марамчињата. Си го бришеме носот со нив само по потреба. И она што ќе ни остане ќе си го стуткаме длабоко во комфорната зона сè додека пак не се најдеме во ситуација каде што ќе ни бидат потребни.

Епа, наздравје алтруизам и активизам Македонијо!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: деца со попреченостискристувањеСТАВ
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result