Во текот на денешниот ден, на улицата „Архиепископ Доситеј“, во Чаир, жителите на оваа општина, односно на оваа улица се известени од страна на СВР – Скопје (Одделение за безбедност на патниот сообраќај), дека ќе се преземат мерки за отстранување на возилата кои се паркирани во несоодветни површини.
Граѓан(к)ите се со поделени мислења во врска со ова известување. На социјалните мрежи можеме да ги видиме нивните позитивни и негативни реакции.
Дел од граѓан(к)ите прашуваат за решавањето на овој проблем, каде ќе се овозможи паркинг за нив, другите ја поздравуваат оваа иницијатива и даваат поддршка за спроведувањето на ваквата мерка, додека останатите се прашуваат дали ова известување е измама или навистина предупредување од страна на надлежните органи, затоа што во известувањето нема печат.
Ф.Х.