• Latest

Над 1.000 скопјани годишно умираат од аерозагадување!

December 22, 2016
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Над 1.000 скопјани годишно умираат од аерозагадување!

December 22, 2016 18:11
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека еколошки здруженија и екоексперти денеска во Скопје ја одржуваа првата научна конференција посветена на аерозагадувањето, во Скопје беше регистрирано многу високо ниво на загаденост. Како што пишува Грин ЦИВИЛ, податоците од Министерството за животна средина, кои се однесуваат на квалитетот на воздухот, покажувале многу високо ниво на ПМ 10 честички во Лисиче, Гази Баба, Центар и кај Ректоратот на УКИМ. Освен во главниот град, енормно загадување на воздухот е регистрирано и во повеќе градови во државата.

Висока контаминација на воздухот покажуваат и мерните станици во Битола, Кичево и Тетово. Иако во Прилеп, нема мерна станица, и таму, аерозагадувањето е големо.

Аерозагадувањето во Македонија е на алармантно ниво. Суспендираните ПМ 10 честички достигнуваат и до 1.000 микрогранули на м2, наспроти дозволените 50 микрогранули.

Медицинските стручњаци секојдневно апелираат, граѓаните особено хроничните болни, да не излегуваат од домовите без потреба. А, на сите граѓани им се препорачува ограничен престој надвор, зашто последиците по здравјето се огромни и стануваат видливи за многу краток период.

И покрај апелите, ниту локалните, ниту централната власт, не преземаат конкретни мерки за да се санира оваа состојба, со далекусежни последици. Државата нема механизми, кои ќе придонесат за нормализирање на состојбите. Употребата на разни огревни материјали (што ослободуваат разни токсини во воздухот), од илјадници семејства кои се наоѓаат на работ на егзистенцијата, непримената на законската регултива од фирмите, кои мора да имаат екодозволи, но и нерешените проблеми со дивите депонии низ целата држава, придонесуваат Македонија во 21 век, да ги „труе“ своите сограѓани.

deponija-kichevo

Еколошки здруженија и екоексперти денеска во Скопје ја одржаа првата научна конференција посветена на аерозагадувањето.

„Аерозагадувањето учествува со 20 до 25 отсто во редицата фактори што предизвикуваат срцеви инфаркти, и инсулти кои се најчести заболувања. Годишно, како последица на аерозагадувањето, само во Скопје умираат од 1.000 до 1.200 граѓани“, изјави професорот д-р Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Согорувањата на фосилните горива се најголеми извори на загадување. Било да се тие контролирани или неконтролирани. Неконтролираните се пред сѐ во домаќинствата, но и на депониите имаме неконтролирани согорувања. Таквите извори се најголеми, но и најопасни“, вели Срѓан Ѓорчев од Институтот за јавно здравје.

На европската скала за стапката на смртност од ПМ10 канцерогените честички, Македонија се наоѓа на високо петто место.

М.Талеска

Tags: аерозагадувањеалармантно ниводиви депонииИнститут за јавно здравјеканцерогени честичкинаучна конференцијаогревни материјалиПМ10ПМФСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ