Повеќе од 1.072 деца во Украина се погодени како резултат на целосната вооружена агресија на Руската Федерација. Од утрово на 13 август 2022 година, официјалниот број на убиени деца не е променето во однос изминатиот ден, а тоа е 361 убиено дете. Зголемен е бројот на повредени деца – повеќе од 711“, објави украинското Јавно обвинителство на Телеграм.
Овие бројки не се конечни бидејќи напорите за утврдување на жртвите во областите на активни воени дејствија се уште траат, се вели во извештајот.
Најмногу деца биле погодени во Доњецк – 375, Харкив – 198, Киев – 116, Чернихив – 68, Луганск – 61, Миколаев – 60, Херсон – 55, Запорожје – 40.
Вкупно 2.328 образовни институции беа оштетени од вооружените сили на Руската Федерација. Од нив 289 институции се целосно уништени.
Д. Т.