• Latest

Над десет илјади вработени во МВР ќе минат низ филтрите на ветингот

October 27, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Над десет илјади вработени во МВР ќе минат низ филтрите на ветингот

Се градат методологијата и начинот на кој ќе се спроведува – од една или неколку комисии, но крајната цел е Министерството за внатрешни работи со тек на време самото да има капацитет да се грижи за тоа кого ангажира во своите редови.

October 27, 2019 09:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над десет илјади вработени во Министерството за внатрешни работи ќе бидат подложени на процесот на ветинг или проверка со цел да се професионализира работата на полицијата и таа целосно да биде вклучена во служба на граѓаните. Процесот е најавуван подолго време, а лани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека ветинг ќе се прави на сите во МВР – од чистачка до министер. Сепак процесот се уште не е почнат, се прави терен за негово спроведување, законот за ветинг се уште не е донесен, а според плановите на работната група предлог-законот треба да биде доставен до април, но овие проекции се правени пред одлуката која ја донесоа лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски – на 12 април да се оди на предремени парламентарни избори.

Формирана е работна група, составена од експерти од МВР, академски соработници, претставници на неавладиниот сектор, на ОБСЕ, американската Амбасада, поканети се и претставници на делегацијата на ЕУ и на британската Амбасада. Процесот се гради детално, бидејќи станува збор за обемна активност, која во никој случај не смее да ја закочи работата на полицијата додека се спроведува. Мора да се соработува со сите институции, бидејќи е потребна размена на информации, а за таа цел е потребен брз ефикасен електронски систем за размена на податоци.

Се градат методологијата и начинот на кој ќе се спроведува – од една или неколку комисии, но крајната цел е Министерството за внатрешни работи со тек на време самото да има капацитет да се грижи за тоа кого ангажира во своите редови.

Ветингот своевидно „проветрување“ во МВР

Првата работна група беше формирана во август и таа имаше задача да предложи методологија односно постапка за спроведување на ветингот во МВР до 1 октомври. Нејзините членови требало на Владата да и достават информации и предлог план за спроведување на проверките во Министерството, што е завршена работа.

Мислам дека направивме многу добра работа, направивме исчекор од земја која нема искуство во однос на проверките не само во МВР, туку и генерално во државниот апарат не постои такво искуство. Ги собравме најдобрите искуства и од Албанија, но и од Велика Британија и добивме одредени сознанија за спроведување на ветингот во САД, но рано е да дискутираме точно и прецизно во која насока ќе се спроведуваат проверките, дали ќе има комисија, дали тоа ќе биде една комисија или ќе бидат некоку подкомисии се уште е рано, појаснува за МИА претседателот на работната група, деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.

Појаснува дека групата што сега ќе започне со своите активности има цел да подготви предлог-закон за спроведување проверка на вработените во МВР и да подготви акциски план со конкретни датуми во кои одредени активности би се спроведувале.

-Таа комисија сигурно нема да биде оваа работна група, туку ќе биде друго тело. Првиот ветинг во Велика Британија, па веројатно и во Албанија е спроведен од комисија составена од вработени во МВР и од надворешни лица, меѓународен фактор, академска заедница. Но овој процес е континуиран, тоа е процес, кој ќе ја надмине нашата кариера и затоа е важно првиот да биде спроведен од мешовита работна група или комисија, а потоа овој процес да се предаде на МВР и тоа самото да има капациет самостојно да си ги прочистува своите редови врз основа на реални мерливи и остварливи критериуми кои ќе бидат предвидени за ветинг, појаснува  претседателот на работната група, деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.

Како државни службеници  тие имаат ограничени приходи и ќе се провери во соработка со другите државни институции која е имотната состојба на полициските службеници. Дали таа е сразмерна со примањата што ги имаат во МВР, додава тој.

Магдалена Лембовска од Евротинк  потенцира дека ветингот во МВР треба да претставува процес на проверка во однос на професионалниот и личниот интегритет кој на крајот треба да резултира со „прочистување” на полицијата од лица кои ги немаат потребните квалификации, биле подложни на корупција или имаат контакти со криминалци и криминални групи.

Во моментот немаме јавно достапни материјали за методологијата на ветингот, но истиот треба да опфати оценка на имотната состојба пред и после стапувањето на должност во МВР, безбедносна проверка, како и проверка на квалификациите во однос на конкретното работно место. Сето тоа подетално ќе треба да биде разработено во закон кој ќе ги утврди критериумите, динамиката, критериумите за избор на членовите на комисијата која ќе го спроведува и останатите аспекти, додава таа.

Моменталната состојба во МВР

Бројот на вработени во МВР е над десет илјади, а работната група досега презела одредени чекори за скенирање на состојбата. Ги информирале вработените во Министерството, ги посетиле речиси сите сектори за внатрешни работи, а тие што не ги посетиле ќе ги посетат во наредните неколку недели за да ги информираат за каков процес станува збор.

Лембовска потенцира дека на ветингот мора да му претстои добра подготовка со цел да ги адресира проблемите кои во Министерството се дефинирани како проблем.

-Во моментот испитуваме каква е сегашната состојба во Министертвото за да можеме да процениме во која насока треба да одиме во проверките за сите три основи. За тоа каква е реалната сегашна состојба, немаме конечни резултати бидејќи немаме алатка како да ги провериме, но сигурно додека го подготвиме конечното законско решение ќе мора да имаме и такви податоци за да не одиме со скок во празно и да се соочиме со голем проблем кој ќе влијае директно на редовното и нормалното функционирање на МВР. Како еден од принципите што ги утврдивме е дека овој процес ќе биде добар за МВР, но никако не смее да влијае на неговата секојдневна работа, нагласи Дујовски.

Тројца пратеници како набљудувачи во работната група

Работната група беше составена исклучиво од професионалци од МВР, претставници од академската заедница, од НВО секторот се вклучени ри организации – Транспаренси Македонија, Хелсиншки комитет и Здружението на млади правници, има претставници од ОБСЕ и Американската амбасада, а има предлог да се вклучат и претставници на Делегацијата на ЕУ и на Британската амбасада.

-Сфативме дека е време  за ова сериозно да почнат да размислуваат и политичарите и со цел да го заштитиме процесот од какви било политички влијанија поканивме, се обративме до Собранието да делегира тројца пратеници. Кога и како ќе одлучи Собранието, во тоа не навлегуваме. Очекуваме наскоро да добиеме информација дали и кои пратеници би се вклучиле наскоро во својство на набљудувачи. Тоа е важно за процесот, за транспарентноста и за граѓаните, нагласува Дујовски. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ