• Latest

Надзор на воздушниот простор, нов граничен премин и забрзани ЕУ интеграции, дел од спогодбите со Грција

April 2, 2019

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025
Фото: Скриншот од вифро нс НБЦ

Хамас најави ослободување на Едан Александар, последниот познат жив израелско-американски заложник во Газа

May 12, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025
СРЕДЕНО Таравари и Мицковски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Таравари и Мицкоски најавија „сиктер кафе“ од владината коалиција ама уште не го испиле

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Москва дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Најмалку десет жртви, меѓу кои жени и деца во израелски напад врз училиште во Газа

May 12, 2025

Таравари: Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме, ќе се вратиме посилни

May 12, 2025
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, Сорбона, 25 април 2024 (скриншот од видео)

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

May 12, 2025

Курдските милитанти на ПКК објавија одлука за распуштање по децении конфликт со Турција

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Надзор на воздушниот простор, нов граничен премин и забрзани ЕУ интеграции, дел од спогодбите со Грција

April 2, 2019 14:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска претседаваа со седница на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји, што се одржа како дел од заедничките меѓувладини активностите и агендата на официјалната посета на премиерот Ципрас и владината делегација на Грција.

„Имаме што да си дадеме едни на други во таа соработка. Имаме многу да надоместиме, и убеден сум дека тоа е од огромен интерес и корист за сите граѓани од двете земји. Кога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, ние не бевме сигурни дека ќе стигнеме до овој историски момент. Можам слободно да кажам, дека пред една година, само неколку луѓе во целиот свет сметаа дека можеме да стигнеме толку далеку. Но јас знам, дека ние секогаш имавме амбиции и политичка волја да одиме уште подалеку во градењето на нашето пријателство и во отворањето на нови можности за подобри односи и посилна соработка“, истакна премиерот Заев на отворањето на седницата.

На седницата учествуваа и министрите на двете влади кои реферираа за разговорите и постигнатите договори од нивните меѓусебни билатерални средби кои се одржаа непосредно пред седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји.

Грчкиот премиер Ципрас нагласи дека неговата посета и самата седница се историски и се во интерес на унапредување на односите меѓудвете земји.

По завршување на седницата, Ципрас изјави дека е потпишан Меморандум за соработка преку кој Грција ќе врши надзор на воздушниот простор над Северна Македонија.

„Знаете ли што е надоместот за нас, тоа е стабилноста во нашиот регион. Ние сакаме сосед кој е политички стабилен и политички просперитетен. Само тогаш ќе се чувствуваме безбедни. Грција има врвни вештини и знаења во авијацијата, најразвиени во Источна Европа. Ние ќе ја поддржиме РСМ во напорите да генерира стабилност и безбедност“, рече Ципрас.

Премиерите Заев и Ципрас во рамки на седницата го потпишаа Акциониот план за интензивирање и зголемување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Грција, согласно предвиденото во Спогодбата од Преспа, Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција Атанасија Сија Анагнастопулу потпишаа Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за  надворешни работи на Грција за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Меѓу документите за соработка, беше потпишана и Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грција за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе го поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахој во Грција, кој го потпишаа Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи на РСМ и Атанасија Сија Анагнастопулу, алтернативен министер за надворешни работи на Грција.

Б. Ј.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share61Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ