Ако филмот „Сенките над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ и Стеван Копривица нè враќаат во едно време на балканските превирања за кое мислевме дека е неповратно влезено во историјата, актуелните случувања во регионот, а посебно во и околу Македонија сериозно се закануваат да ги оживеат сеништата на минатото.
Со тоа, не само што го загрозуваат територијалниот интегритет на државите настанати после распадот на СФРЈ, туку и регионалниот мир. Тоа го докажуваат и пробните балони кои се лансираат од разузнавачки и други центри на моќ во регионот и во Европа. Ако сакаме да живееме во Европски дом, таму нема место за овие сеништа.
Зошто ова се случува и кои се креаторите на овие сенишни закани, читајте во обемната анализа „Сеништа на минатото“ од Александар Николиќ Писарев на Цивилмедиа.мк. Анализата ќе биде објавена во неколку продолженија, почнувајќи од претстојниот викенд.
Редакција ЦИВИЛ МЕДИА