„Литванците знаат дека Украинците се борат не само за себе, туку и за нас – ако Украина падне, Русија ќе нападне други земји“ е наслов на ексклузивното интервју на Џабир Дерала со проф. д-р Витис Јурконис, Институт за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот Вилнус, на медиумската платформа на ЦИВИЛ на англиски јазик.
Овој разговор со Јурконис, водечки експерт за Белорусија, регионите на Источното партнерство и литванската надворешна политика е направен за време на Форумот на високо ниво против авторитаризмот: Иднината на демократијата, што се одржа во ноември во главниот град на Литванија, Вилнус. Тоа беше меѓународен настан каде што креаторите на јавното мислење во светот, носителите на одлуки, лидерите во граѓанското општество и научниците од областа на општествените и политичките науки споделија длабоки перспективи за важноста на глобалната борба за демократија и отпорот на Украина.
Преводот на македонски ќе биде објавен наскоро.