• Latest

Најчестите дилеми поврзани со Мој ДДВ

July 1, 2019

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Елена Симонофски- „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија
извор: Фб

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

September 13, 2025

Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Најчестите дилеми поврзани со Мој ДДВ

Со „Мој ДДВ“, ова е прв пат, државата да одлучи да врати пари кај граѓанките и граѓаните, преку конкретни мерки

July 1, 2019 16:02
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог -законот за враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност веќе функционира, според најавите на Владата, денеска, на 1 јули. Од Управата за јавни приходи велат дека трошокот за банкарските услуги за поврат на ДДВ кај граѓаните, ќе биде незначителен, а Владата очекува дека со овој начин кај потрошувачите ќе се враќаат вкупно 50 милиони евра годишно.

Ова е прв пат, државата да одлучи да врати пари кај граѓанките и граѓаните, преку конкретни мерки. Што се однесува до другите мерки преземени претходно, со одлуки на Владата уште на почетокот на мандатот, се укина радиодифузната такса (190 денари). Неодамна, со судските процеси започнати против компанијата БЕГ, се јави надежта дека оние што не користеа топлинска енергија, веќе нема да бидат рекетирани од оваа компанија за услуга што не ја користат.

Сега, државата и ќе им враќа пари на даночните обврзници, 15 проценти од данокот преку мобилната апликација „Мој ДДВ“.

„Уште утрово ја симнав апликацијата и почнав да скенирам сметки. Мислам дека мерката е добра. Немам намера сега да почнам да пресметувам колку пари ќе ми бидат вратени. Секој денар е важен во денешно време“ – вели еден граѓанин на излегување од дуќанче во центарот на Скопје.

Сепак, на социјалните мрежи и во медиумите провејува и скептицизам во поглед на оваа најнова мерка на Владата. „Безначаен е износот на пари што ќе се врати назад“, „Луѓето не се добро запознаени со процедурата“, „Што да кажат постарите што не се технолошки опремени и обучени?“ и низа други забелешки се присутни во изминатите денови по најавата на проектот „Мој ДДВ“.

„Во секој случај, очекувањата од Владата да ја направи оваа можност достапна за сите, се целосно оправдани, а законските решенија мора да бидат флексибилни во однос на вештините и можностите на сите потрошувачи. Ова секако ќе ја подобри и фискалната дисциплина“ – велат познавачите на економијата и финансиите во состав на ЦИВИЛ.

Проектот „Мој ДДВ“ беше еден од најдискутираните во изборната програма на СДСМ и во Програмата за работа на Владата.

Во овој момент, останува потребата на граѓаните да бидат добро информирани за тоа како функционира овој закон, пред да се фрлат на скенирање на фискалните сметки. Тоа е и обврска на Владата, да овозможи што е можно повеќе информации за користењето на овој закон.

Пред сѐ, треба да се знае дека враќањето на ДДВ на граѓаните, според законот, не се однесува на фискалните сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност и на фискалните сметки кои се издадени заедно со сметките кои се издаваат од лицата кои извршуваат континуиран промет и за кои се предвидени последователни плаќања, како што се: испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење…

Со законот се предвидува правото на враќање на данокот да се оствари само еднаш за една иста фискална сметка, односно правото на враќање на данокот не се остварува за фискалната сметка која е веќе пријавена. Највисока основица за пресметување на данокот за враќање, пак, за едно календарско тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари

Граѓаните треба да знаат и дека правото на враќање на данокот се остварува со пријавување на податоците од бар кодот на фискалната сметка преку апликативен софтвер за оваа намена на Управата за јавни приходи, односно апликацијата „Мој ДДВ“.

Исто така важно е да се запомни дека пријавувањето се врши во рок од 10 дена од датумот на издавање на фискалната сметка, а се смета за валидна онаа фискална сметка што не надминува 30.000 денари и која не е сторнирана.

Право на враќање на данокот имаат физичките лица со навршени 15 години возраст, имаат валиден документ за идентификација издаден од надлежен орган, регистриани се во системот за електронска пресметка за приход и данок (Е-ППД) на Управата за јавни приходи и поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет во Република Северна Македонија.

Враќањето на данокот и исплатата на средствата на трансакциска сметка на физичките лица за третото календарско тримесечје од 2019 година, согласно овој закон, ќе се изврши најдоцна до крајот на 2019 година, а надзор ќе врши Управата за јавни приходи.

Остануваат неколку прашања и дилеми… Законот не објаснува што сè треба да содржи една фискална сметка, односно ако ги исполнува законските одредби, дали тоа подразбира дека може да содржи цигари, алкохол и други производи што се сметаат за луксуз. Дали тоа прадзбира дека може да се купи едно брендирано парче облека од 20.000 денари, на пример, или колку вака дадените одредби се подложни на манипулации, па некој да не ја пријавува сметката затоа што оди со сметкоподврда за фирма, а истовремено го доставува бар кодот како приватно лице… Граѓаните имаат многу прашања и сметаат дека за некои од нив треба и најосновните работи да им бидат објаснети.

На пример, што е со луѓето, особено постари лица што не користат смарт телефони? Дали апликацијата ќе биде погодна за сите оперативни системи што ги користат мобилните… и ред други прашања што може да ги повласти пак само оние што имаат, а оние граѓани на кои најмногу би им користела ваквата владина мерка, да не ја добијат можноста да ја користат оваа најнова придобивка.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share75Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ