• Latest

Најчевска: Сè што можеа, а не направија досега е знак дека тие сакаа да побегне

November 13, 2018

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најчевска: Сè што можеа, а не направија досега е знак дека тие сакаа да побегне

November 13, 2018 16:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, денеска на својот фејсбук профил се огласи дека деновиве примил закани по неговиот живот и дека заминал во Будимпешта, каде побарал политички азил од унгарските власти. 

„Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напиша Груевски.

Груевски минатиот петок, на 9 ноември, требаше да се појави во затворот во Шутка, но и покрај целовечерното чекање, тој не се појави. Изминативе денови, МВР објави потерница по Никола Груевски на нивната официјална веб страница.

По денешната објава на Груевски, дека се наоѓа во Будимпешта, ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие да добие одговор од МВР на прашањата: „Дали е вистина дека Никола Груевски е во Будимпешта, како што напишал на неговиот фејсбук профил и доколку е вистина, како и кога Груевски ја поминал границата?“. Од МВР добивме кус одговор дека: „Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на господинот Никола Груевски, дека е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, МВР во координација со надлежните институции во Република Македонија постапува согласно своите законски надлежности за верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното јавноста ќе биде навремено инфомирана“.

ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие и коментар од Унгарската амбасада во Македонија, за тоа дека Груевски ќе побара политички азил од унгарските власти, но и оттаму не успеавме да добиеме одговор, ниту по телефон, ниту по електронска пошта.

Од Кривичниот суд чекаат да се потврди информацијата дека Груевски е во Будимпешта, па потоа ќе издадат наредба за распишување на меѓународна потерница.

„Во однос на евентуално распишување меѓународна потерница, во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта, и за тоа го извести судијата за извршување санкции, судијата веднаш ќе издаде наредба за распишување на меѓународна потерница“, стои во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Во разговор со професорката Мирјана Најчевска, таа останува на тоа дека мандатот на Груевски во Собрание треба да му престане на казна затвор над 6 месеци.

„Доколку постои двоумење, Собранието треба преку толкување на деловникот да одреди дека мандатот му е ништовен. Сè останато е работа на полицијата и судот кои навистина се мајтапат со нас. Мислам дека сепак имаат склучено договор кој што сега го спроведуваат. Сè што можеа, а не направија досега е знак дека тие сакаа да побегне“, вели Најчевска.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во изјава за Независен, вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега Груевски го пријавувала како отсутен од седниците, што се сметало како оправдано отсуство, и таков допис добил и денеска.

„Но, откако Груевски објави дека е во бегство имаме нова ситуација. Нелогично е тој и натаму да се третира како оправдано отсутен и да ги најавува отсуствата во неговата пратеничка група, кога самиот објави дека не е во државата туку дека е во бегство“, вели Џафери за Независен.

Џафери изјавил дека не може самостојно да донесе одлука за тоа и ќе побрза да свика координација за прашањето во врска со отсуствата на Груевски да се регулира пред утрешното продолжение на тековната седница, доколку таа не заврши во текот на денешниот ден или пред почетокот на првата нова седница.

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО, и се однесува на набавката на мерцедесот, а утре требаше да присуствува на рочиштето за „Титаник“.

А. Петровска

Tags: „Тенк“бегствоБудимпештаМВР;Никола ГруевскиОсновен суд Скопје 1политички азилТитаник
Share51TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ