Најмалку 104 индиски граѓани беа депортирани од Соединетите држави во вторникот вечерта со воен авион, според официјални лица од индиската држава Пенџаб, откако американскиот претседател Доналд Трамп го става спречувањето на имиграцијата како главен приоритет.
Авионот Ц-17, кој превезува мигранти главно од индиските држави Гуџарат, Махараштра и Пенџаб, слета во средата попладне по локално време во северозападниот град Амритсар, соопштија официјални лица од Пенџаб, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Тоа беше најдолгиот лет откако администрацијата на Трамп почна да распоредува воени авиони за транспорт на мигранти, според американски официјален претставник.
Пријателите и семејството на некои од повратниците зборуваа за Си-Ен-Ен за тешкотиите со кои се соочиле за да стигнат во САД, но веднаш по пристигнувањето биле вратени назад.
Подготви: Д. Мишев