Најмалку пет лица се застрелани во училишен кампус во централна Шведска – четворица биле оперирани во болница, а еден е во критична состојба.
Се претпоставува дека едно од повредените лица во болница е сторителот, велат од полицијата, пренесува Би-би-си. Може да има повредено повеќе луѓе, додава полицијата
Студентите и персоналот беа задржани во зградите кога полицијата мислеше дека напаѓачот се уште е на слобода, тие сега се евакуирани
Пукањето се случило во училиште за возрасни, иако на местото има детски училишта, Полицијата прво ги предупреди луѓето да се држат подалеку од областа во 13:20 часот по локално време
Набргу потоа, тие потврдија дека четири лица биле застрелани, пред бројот да се зголеми на пет
Шведската полиција верува дека еден од повредените е сторителот, кој е од машки пол.
Подготви: Д. Мишев