ДИЈАНА ТАХИРИ
Вчера во Собранието пратениците гласаа за усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Најмалку што можеа да направат пратениците, e да ги исвиркаат пратениците Апасиев, Крмов и Стоиљковиќ кои беа против, а претседателот на Собранието да им го исклучи микрофонот.
Најмалку!
Веројатно немале свирчиња, а со два прста во уста можеби не знаат…
А ќе додадам, фактот што во Собранието имаме про-фашистички елементи изгласани од граѓани, кажува дека или граѓаните што ги гласаат не препознаваат зло, или и самите се дел од злото, а судејќи по добар дел реакции од граѓани – силни поддржувачи на тотално обратната ориентација на политичкиот субјект од тоа што се нарекува (Левица) и не само на Левица, сосема се во иста ментална матрица. Што е уште позагрижувачко.
Не знаеш кој ти го „допира рамото“ при случајно разминување на улица.