Categories

ДЕТСКО КАТЧЕ Најмладите со свој простор на ЦИВИЛ Фест за креативно изразување

Во рамките на програмата на ЦИВИЛ Фест и денеска обезбедивме простор каде што најмладите ќе можат слободно и безгрижно да ја изразат својата креативност.

ЦИВИЛ Фест – Детско катче 10 декември 2018, МКЦ

Куповите хартија, боички, штафелаи, се само дел од реквизитите кои им се на располагање на најмладите, да уживаат и да се рекреираат, додека нивните родители учествуваат во многубројните активности кои оваа година ги нуди ЦИВИЛ Фест.

Детското катче е отворено од 13 до 18 часот и за најмладите ќе се грижи дел од тимот на ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email