• Latest

НАкС: Образованието и науката ги создаваат решенијата за справување со кризата

May 24, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НАкС: Образованието и науката ги создаваат решенијата за справување со кризата

May 24, 2020 10:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот академски синдикат упати честитка по повод денот на просветителите св. Кирил и Методиј.

„Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, воедно и патронен ден на најстариот универзитет во државава и на сите просветни работници, оваа година го дочекуваме во невообичаени околности – вонредна состојба, затворени училишта и факултети поради кризата предизвикана од корона вирусот. Пандемијата го освести светот дека животот, во буквална смисла, ни зависи од пожртвуваноста на здравствените работници, квалитетот на научно-истражувачките установи и стручноста на професионалците од различни области, кои се посветени во решавањето на низа проблеми кои ги предизвика корона вирусот. Политичарите и јавноста ги очекуваат решенијата во оваа криза од овие луѓе, чии знаења и вештини се градени од во образовните системи и не се стекнати преку ноќ“, стои во честитката од НАкС.

Синдикатот смета дека ефектите од корона вирусот кој го затекна целиот свет неподготвен и во голема мера ги надмина границите на здравствена криза, во нашата земја повторно ги исфрли на виделина наталожените проблеми во сите степени на образованието и науката. Недостаток на информатичка опрема, речиси никаква дигитализација на едукативните и научните ресурси, непостоење на однапред подготвени процедури и протоколи за работа на управните тела на образовните институции во случај на криза од каков било вид. Образовните институции и кадарот се препуштени да импровизираат во on line наставата, неретко без институционална поддршка и меѓусебна координација. Сепак, како што стручните лица во медицинските установи со натчовечки напори ги вложуваат сите свои знаења за да се справат со ситуацијата, така и професорите и наставниците, заедно со студентите и учениците даваат сè од себе да одговорат на предизвиците.

„Од друга страна, Владата, наместо да го поддржи научно-образовниот систем, се обиде да ги скрати платите во високото образование и науката, како еден од „секторите без кој се може“. За да не дојде до тоа, на површина за првпат излезе солидарноста на синдикатите, вклучително и на НАкС, во борбата економските проблеми да не се решаваат на грбот на работниците и сиромашните. Потценувачкиот однос кон образованието кулминираше со ставот на министерот Арбер Адеми, кој во време додека се отворени коцкарници и трговски центри, а се планира и одржување избори, го забрани испитувањето на студентите во живо, а потоа ретерираше под притисок на јавноста. Дали е нужен притисокот на јавноста за владата да ја разбере улогата на образованието во нашето општество?“, се вели во соопштението.

Оттаму порачуваат дека е крајно време образованието и науката да се стават во прв план и државата да сфати дека поддршката и вложувањето во овие дејности е најисплативата инвестиција што може да се направи на подолг рок. Таа инвестиција не претставува само издвојување финансиски ресурси, туку подразбира и создавање структури, креирање долгорочни политики, вработување на талентираните дипломирани млади луѓе, а пред сè градење систем на вредности. Само со сериозна инвестиција во образованието и науката ќе ги создадеме луѓето и изградиме капацитетите на институциите што ќе можат да се носат со бројните предизвици кои ја чекаат државата и светот.

„На просветните работници им го честитаме празникот и патрониот ден, потсетувајќи дека борбата за подобри услови за работа и повисок стандард мора да продолжи. За да бидеме успешни во таа борба мора да бидеме паметни, истрајни, но пред сè, обединети!“, велат од НАкС.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ