Грчка хакерска група соопшти дека извршила кибер напади врз водечките турски банки и врз една консултантска компанија од сферата на одбраната.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи, групата наведува дека нападите претставуваат одговор на „турските провокации“ во реонот на островите Имија/Кардак во Егејското Море.
При нападите, хакерите ги блокирале електронските пошти и кодовите за пристап до банките, меѓу кои е и „Зираат Банкаси“.
Провокациите за кои говорат хакерите се однесуваат на инцидентот од понеделникот вечерта, кога во реонот околу островот Имија/Кардак се судрија турски и грчки брод, при што е предизвикана само материјална штета, но не е повреден ниту еден од членовите на двата екипажи.
Атина и Анкара спорат околу суверенитетот над Имија/Кардак и двете земји го светаат островот за свој.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини