• Latest
Фото: миа.мк

Нападот врз Топ чанел остро го осудија ОБСЕ, Амбасадата на САД, албанскиот државен врв, новинарски асоцијации

March 27, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нападот врз Топ чанел остро го осудија ОБСЕ, Амбасадата на САД, албанскиот државен врв, новинарски асоцијации

March 27, 2023 14:22
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ во Албанија силно го осуди криминалниот напад против Топ чанел, оценувајќи дека напад врз медиум е флагрантен напад против демократијата.

Изразувајќи сочувство до семејството и колегите на Пал Кола, кој беше убиен во нападот, ОБСЕ бара брза истрага за целосно расветлување на инцидентот и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

– Најостро го осудуваме криминалниот напад врз Топ чанел и изразуваме шокираност и сочувство до семејството и колегите на безбедносниот службеник, Пал Кола, кој го загуби животот вршејќи ја својата должност додека го чуваше објектот. Ваков бесрамен напад врз медиумите е бесрамен напад врз демократијата. Присуството на ОБСЕ се придружува на повиците на највисоките државни функционери за брза и целосна истрага на инцидентот и очекува откривање на авторите и целосните мотиви за овој напад, се наведува во соопштението.

Реагираше и американската Амбасада осудувајќи го смртоносниот чин и барајќи целосна истрага за настанот.

„Американската Амбасада во Тирана најостро го осудува смртоносниот напад врз Топ Ченел и изразуваме длабоко сочувство до семејството на жртвата. Ги повикуваме органите на прогонот да спроведат сеопфатна истрага која ќе ги изведе одговорните пред лицето на правдата“, се наведува во реакцијата на амбасадата.

Остра осуда искажаа и претседателот Бајрам Бегај, премиерот Еди Рама, претседателката на парламентот Линдита Никола, политички лидери, домашни меѓународни новинарски асоцијации.

Министерот за внатрешни работи Бледи Чучи вети брзо расветлување на случајот.

Од досегашната истрага објектот на телевизијата околу 1 часот го нападнале три лица со рафално пукање од калашникови во правец на првиот и вториот кат на објектот.

Лицето од обезбедувањето во моментот се наоѓало во стражарската куќичка каде и смртоносниот било погодено.

Возилото со кое пристигнале и се оддалечиле сторителите било украдено во Скадар, а е пронајдено запалено заедно со оружјето.

Tags: АлбанијаинцидентиТоп чанел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ