• Latest

Наредната година 350 до 400 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во земјава

November 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Наредната година 350 до 400 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во земјава

November 3, 2022 12:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За наредната 2023 година имаме најголем буџет за патна инфраструктура и нашите очекувања се дека заедно со ЈП за државни патишта ќе инвестираме помеѓу 350 и 400 милиони евра што ќе биде историски највисоко ниво за изградба и реконструкција на патна инфраструктура, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на отворањето на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“ во организација на Друштвото за патишта.

-Владата преку Министерството за транспорт и врски и јавните претпријатија за патишта, силно е посветена во реализација на националната транспортна стратегија која опфаќа изградба и модернизација на патната мрежа низ земјата. Нашите политики имаат јасна цел, а тоа е создавање на квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и забрзан економски раст и развој на државата. Во текот на изминатите неколку години инвестиравме над една милијарда евра за изградба и реконструкција на преку 1.300 километри патна мрежа, со што дадовме силен инпут во создавање на нова патна мрежа и позиционирање на државата на главната Паневропска мрежа на коридори, рече Бочварски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека добрата инфраструктура е еден од основните предуслови за развој на една држава.

-Оваа состојба која е веќе 30 години мора да ја менуваме. Проектирањето и изградбата на нашите патишта изгледа дека е ахилова пета. Доброто проектирање ќе ја олесни нивната реализација, а соодветното и реално планирање ќе овозможи да не се соочуваме со проблеми како сегашните, рече Битиќи.

Посочи дека сега е вистинско време да се смени пристапот и да се применат најдобрите практики од развиените земји за да не се соочуваме со проблеми како досега при реализацијата на патиштата.

-Дојдено е време наместо да зборуваме за вредност на проекти, да зборуваме за нивниот квалитет, потенцира Битиќи.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека 55 години постоење на Друштвото за патишта е јубилеј достоен за почит и додаде дека Јавното претпријатие за државни патишта е еден од основачите на Друштвото, со кое, како што рече, цели 55 години наназад делат исти цели и задачи. Верувам, додаде, дека и натаму ќе продолжиме со плодна соработка, но и ќе пронаоѓаме начини за надминување на проблемите коишто неминовно се појавуваат кога се реализираат крупни проекти.

– Поголемата соработка во сите фази на изработка на проектите е од особено значење за навремено надминување на секоја пречка. Кога работиме, тогаш и грешиме, но кога ќе се обидеме да изнајдеме решение и да ги надминеме грешките тоа значи вистинска посветеност. Ние како институција која сме задолжени за изградба, реконструкција, рехабилитација и управување со патиштата, се соочуваме често и со проблемот во косините кој ни се појавува во проектите и изградбата на патиштата. Па токму затоа на овој настан сакам да го потенцирам проблемот во изработка на проектна документација во делот на косините кој се јавува при реализација на проектите. Сметам дека во иднина е потребно сите учесници при изработка на проектните документации максимално да се посветат со цел да постигне повисоко ниво на квалитет на проектната документација, особено во делот на проектирање на косини, рече Рустеми.

Ценам, додаде, дека ваквите собири се вистинска можност стручната фела да размени искуства со цел да ги надминеме проблемите кои што се појавуваат во текот на реализација на проектите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ