• Latest

Народна банка: Финансиската стабилност е задржана, мерките придонесоа за дополнително зголемување на отпорноста на банкарскиот систем

September 12, 2024

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Финансиската стабилност е задржана, мерките придонесоа за дополнително зголемување на отпорноста на банкарскиот систем

September 12, 2024 11:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Народната банка (НБ) одржа редовна седница на која, меѓу другото, го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2023 година. Во Извештајот се оценува дека домашниот финансиски систем е стабилен, добро се справува со предизвиците и дека е отпорен на шокови. Амбиентот  во 2023 година беше поповолен, со постепено забавување на инфлацијата, но и забавен економски раст, како и неизвесности и ризици од окружувањето. Сите институционални сегменти од домашниот финансиски систем и натаму функционираат непречено. Ризиците за финансиската стабилност коишто произлегуваат од секој од овие сегменти се умерени, а умерен е и ризикот од „зараза“, односно ризикот од прелевање на ризиците од еден кон другите сегменти од финансискиот систем. Банкарскиот сектор е најголемиот, но и главниот сегмент на финансискиот систем, каде што се концентрирани заштедите на нефинансискиот сектор и ликвидноста на останатите финансиски институции, поради што е клучен за финансиската стабилност на земјата.

Според НБ, банкарскиот сектор ги задржа стабилноста и сигурноста во работењето, со подобрена солвентност, којашто е на највисоко ниво во последните 17 години, солидна ликвидност и добар квалитет на кредитното портфолио. Во овој извештај е применета нова, унапредена методолошка рамка за спроведување макрострес-тест, којашто претставува надградба на постојната методологија и ги одразува препораките на ММФ за унапредување на стрес-тестирањето на македонскиот банкарски систем. Годинашниот макрострес-тест покажа висок степен на отпорност на домашниот банкарски систем на претпоставените шокови од макроекономското и макрофинансиското опкружување. Макропрудентните мерки што Народната банка ги донесе во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот имаа значителен придонес за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

Поради поповолните движења на пазарите на капитал во 2023 година, во споредба со претходната година, приватните пензиски фондови и инвестициските фондови успеаја да  остварат солидни годишни стапки на принос, а исто така и осигурителниот сектор оствари подобар финансиски резултат и ја задржа високата солвентност којашто е неколкукратно повисока од минималната пропишана со регулативата од оваа област. Останатите сегменти на финансискиот систем (штедилниците, друштвата за лизинг, финансиските друштва) имаат мало значење во рамките на севкупниот финансиски систем.

Во Извештајот се наведува дека ризиците од нефинансискиот сектор се умерени, со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и следствено, на ниската стапка на нефункционални кредити во банкарското кредитно портфолио, но е потребна внимателност и претпазливо управување со долгот, за да се обезбеди неговата одржливост и во следниот период. Се заклучува дека домаќинствата и натаму се со умерено и стабилно ниво на задолженост, додека долгот на корпоративниот сектор (мерен преку неговото учество во БДП) е малку повисок, во споредба со претходната година, но засега не упатува на поголеми ризици за неговата одржливост, сепак потребно е внимателно управување со ризиците.

Во Извештајот се наведува дека, во текот на 2023 година, Народната банка ги засили активностите во доменот на климатските ризици, како една од најважните структурни ранливости на коишто се изложени светскиот и домашниот финансиски систем на долг рок.

Домашниот банкарски сектор е изложен на физичките и транзициските ризици поврзани со климатските промени, поради кредитната изложеност на банките кон подрачјата со висок степен на ризичност во однос на природните непогоди и клиентите во дејностите со високи емисии на стакленички гасови, како што се енергоинтензивните дејности и дејностите коишто зависат од фосилни горива.

Во Извештајот е наведено дека окружувањето и натаму е неизвесно и упатува на ризици за следниот период, коишто главно се поврзуваат со можната ескалација на геополитичките тензии и нивното прелевање во глобалната, а посредно и во домашната економија, којашто како мала и отворена, е силно изложена на надворешните шокови. Исто така, евентуалното подолго задржување на заострените финансиски услови би можело неповолно да се одрази врз одржливоста на долгот, со преносни ефекти врз билансите на финансиските институции. Ваквите состојби упатуваат на потребата од натамошна внимателност од страна на финансиските институции и при водењето на макропрудентните политики, како поддршка за задржувањето на финансиската стабилност и во следниот период. Одржувањето силен и отпорен банкарски сектор ќе биде приоритет на Народната банка и во следниот период, што е клучен предуслов за задржувањето на финансиската стабилност. Оттука, во услови на неизвесно макроекономско окружување, макропрудентната политика на Народната банка и натаму ќе биде насочена кон одржување соодветна капитална и ликвидносна сила на домашните банки и со тоа, кон јакнење на отпорноста на евентуалните ризици.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ