• Latest
Фото: Центар за стратешки комуникации на Украина.

Центар за стратешки комуникации на Украина: Народот на Туркменистан треба да се потсети на историјата и сите жртви на империјализмот на Кремљ

October 12, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Центар за стратешки комуникации на Украина: Народот на Туркменистан треба да се потсети на историјата и сите жртви на империјализмот на Кремљ

October 12, 2024 10:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Центар за стратешки комуникации на Украина.

Фото: Центар за стратешки комуникации на Украина.

Share on FacebookShare on Twitter

На 11 октомври рускиот диктатор Владимир Путин го посетува Туркменистан за да учествува на меѓународен форум посветен на 300-годишнината од истакнатиот туркменски поет Магтимгули Пирагија.

Народот на Туркменистан треба да се потсети на историјата и сите жртви на империјализам на Кремљ, објави украинскиот Центар за стратешки комуникации на својот Фејсбук профил..

 

– Путин е воен злосторник. Има издаден налог за негово апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд за незаконско присилно преместување на украински деца во Русија.

– Меѓународната изолација, во која се најде Путин и Русија во целост, е праведна реакција на светот на неиспровоцираната агресија против Украина и нејзиниот народ.

–  Украина ги повикува сите земји кои ги споделуваат хуманистичките вредности, го почитуваат меѓународното право и Повелбата на ОН, да се воздржат од заеднички настани со учество на Путин.

–  Хармонични меѓународни односи и продуктивна соработка помеѓу земјите се можни само во свет каде владее правото, а не правото на сила.

–  Народите на Украина и Туркменистан во минатото беа жртви на рускиот империјализам, кој денес е официјална идеологија на режимот на Путин, стои во соопштението на Центарот за стратешки комуникации на Украина.

Украина изрази надеж дека раководството на Туркменистан е целосно свесно дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник со налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) против него за незаконска присилна депортација на украински деца во Русија, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина пред планираната посета на Путин на Туркменистан во петок, 11 октомври, пишува Укринформ.

„Украина се надева дека раководството на Туркменистан сфати дека Путин е воен злосторник по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење за незаконска депортација и трансфер на украински деца од окупираните области на Украина во Руската Федерација. Ова е само едно од целата серија на злосторства на раководството на Кремљ, Путин и неговите соучесници се одговорни за злосторството агресија врз Украина, воени злосторства, злосторства против човештвото, геноцид, убиства, тортура, силување, грабежи, гранатирање на цивилна инфраструктура. и други злосторства извршени од страна на руските окупатори на територијата на Украина.

Министерството дополнително нагласи дека руските окупатори продолжуваат со секојдневните брутални напади врз украинските градови и села, предизвикувајќи големо уништување на цивилната инфраструктура и одземајќи цивилни животи.

„Ги повикуваме сите земји кои го ценат човечкиот живот, го почитуваат меѓународното право и Повелбата на ОН да се воздржат од одржување заеднички настани со учество на Путин, кој започна војна во Европа од размери невидени од Втората светска војна и чии раце се во крв до лактите“, додаваат од Министерството.

Драган Мишев

Tags: Владимир ПутинТуркманистан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ