Онлајн форумите кои се популарни меѓу конзервативците и крајно десничарските активисти изминативе денови беа преполни со закани и очекувања за насилство во пресрет на планираниот протест во Вашингтон на 6 јануари, што се совпадна со потврдата од Конгресот за резултатите од изборите, објави Си-Ен-Би-Си.
Во очекување на можно насилство, Градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боусер, ги повика граѓаните да се држат подалеку од централното градско подрачје кадешто демонстрантите ќе протестираат. Секој полицаец во градот ќе биде на должност, а мобилизарана е и Националната гарда.
„Во однос на протестите планирани за 6 јануари, насилната реторика што ја гледаме на интернет е на ново ниво“, истакна Даниел Ј. Џоунс, Претседател на Адванс Демокраси (Advance Democracy Inc.), глобална организација за истражување шти ги проучува дезинформациите и екстремизмот. „Постои одобрување на насилство низ сите платформи“.
Нов извештај од Адванс Демокраси забележува најразлични објави за протестите, вклучувајќи многу кои предвидуваа насилство од други групи и повикуваа луѓето да се вооружат.
На Твитер, профили поврзани со QAnon, објавуваат теории на заговор дека наводно движењето „Животот на црнците е важен“ и антифа активисти ќе убиваат подржувачи на претседателот Доналд Трамп на протестот и сугерираат демонстрантите да се вооружат во среда, нарекувајќи го „Ден на независнот“.
На ТикТок, неколку видеа со стотици илјади прегледи поттикнуваа насилство на митингот. Корисник со профилна слика поврзана со паравојска им вели на гледачите да носат оружје иако огненото оружје е забрането во деловите на градот каде се одвиваат протестите.
„Земете ги вашите е**ни оружја. Тоа е целата поента на одењето“, вели корисникот на мрежата.
Закани се објавуваат и на Парлер, алтернатива на Твитер фаворизирана од страна на конзервативците и корисници на кои им се забранети поголеми платформи поради говор на омраза, дезинформации или други прекршувања на политиките. Илјадници објави вклучуваа и хаштагови повразни со втора граѓанска војна.












