Под мотото „Првата помош спасува живот“, денеска од 10 часот во објектот „Даре Бомбол“ на Средно Водно ќе се одржи натпревар по прва помош на кој ќе учествуваат 15 екипи од ученици од скопските основни училишта, организиран од Црвен крст на Град Скопје.
Се работи за традиционален градски натпревар по прва помош за победничките екипи на општинските натпревари во категорија подмладок – ученици од основни училишта на територија на град Скопје.
На крајот на натпреварот ќе бидат прогласени победниците за кои се предвидени награди.
Фото: Црвен крст на Град Скопје