• Latest

Национална програма за усогласување со правото на ЕУ, неморално е да се оспорува нечиј јазик, СДСМ со еден пратеник повеќе

June 30, 2021
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Национална програма за усогласување со правото на ЕУ, неморално е да се оспорува нечиј јазик, СДСМ со еден пратеник повеќе

June 30, 2021 18:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025, која што е целосно преструктуирана според новата кластерска методологија за пристапни преговори, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

– Програмата ќе се претстави и следи и во Собранието. Треба да докажеме дека имаме стабилна демократија и дека ориентацијата и динамиката нема да ја менуваме со секои избори, изјави Димитров.

НПАА ги дефинира стратешките правци, приоритетите, динамиката и потребните ресурси и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Нејзината подготовка е со активно учество на околу 800 државни службеници од преку 150 државни институции.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Милановиќ: Неморално е да оспорувате нечиј јазик, тоа е идентитет на еден народ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничка прес конференција со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, ја искоментира изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик.

– Во врска со внатрешни прашања на земјите, можам да одговорам и со поставување на аналогија на проблемот во кој се најде Македонија. Што ќе се случи ако Хрватска го доведе во прашање црногорскиот или бошњачкиот јазик, кои се блиски јазици и на кои се разбираме, а како посебни јазици ги прифативме пред некоја деценија. Па се разбира, не може да се одрекне правото на еден народ на свој јазик. Неморално е да оспорувате нечиј јазик, нечиј идентитет. Јазикот е идентитетот на еден народ. Погрешно е да се влегува во идентитетски прашања за еден народ, држава. Европската Унија е заедница на народи, на посебни идентитети. Таа изјава на португалската министерка би можел да кажам дека е резултат на незнаење и невнимателност, но мора да се биде внимателен. Тоа пак, прашање, е неважно за Португалија. Еве, јас не би коментирал прашања кои се поврзани со некои односи на Шпанија кон Португалија. Или за прашања меѓу Бугарија и Романија. Македонците се нација, па не станавте нација сега. Што побрзо ги сфатиме тие работи, ќе бидеме поблиску до европските вредности, ја иско хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб ја искоментира изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик. изјави Милановиќ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕСПА ФОРУМ ДИЈАЛОГ На 1-ви и 2-ри јули во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна”, соопштија од Влада.

ОБРАЗОВАНИЕ Од МОН најавуваат целосно отворање на училиштата од септември со задолжително носење маски, дезинфекција и мерење на температура

СОБРАНИЕ СДСМ од денеска има пратеник плус во Собранието, односно пратеничката група на партијата. Пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски поднесе оставка од функцијата, констатирана и потврдена и од страна на ДИК.

ИМУНИЗАЦИЈА Од денеска во вакциналните пунктови низ државата започна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако ги помина сите потребни законски процедури. „Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ со европски перспективи во Струга и Кичево

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти да ги посетат инфо –штандовите на ЦИВИЛ, утре во Струга и Кичево, посветени на промоција на европските вредности, недискриминацијата и мултикултурализмот.

Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.

Освен информативен материјал за проектните активности на проектот „Европски перспективи ( следно ниво)“ граѓанките и граѓаните ќе можат да се информираат и за другите компоненти на овој сеопфатен и комплексен проект.

Инфо-штандовите се дел од проектот „Европски перспективи“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

КОМЕНТАР

За секоја точка со барања од страна на Република Бугарија треба да има реципрочно барање од страна на Република Македонија. Тоа се вика реципроцитет. Реципроцитетот мора да се примени во билатералното договарање. Во спротивно не е веќе договарање туку облик на ултиматум“ коментира  Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил.

Д. Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ