• Latest

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси пред пратениците

January 26, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси пред пратениците

January 26, 2021 09:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 32-та седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за спречување и заштита од насилството врз жените и семејно насилството, во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и за дополнетиот Предлог-зкаон за рамномерен регионален развој, двата во второ читање.

На дневниот ред се и Предлог на закон за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, во прво читање.

На денешната седница, на агендата се и Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, сите во прво читање.

Пратениците, како што е најавено, треба да дискутираат и по предлог – законите за изменување на законите за пасиштата и за сточарството, во прво читање, но и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во прво читање.

Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, исто така е на дневниот ред на денешната седница.

Се очекува пратениците да расправаат и за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

На дневниот ред е и Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2020 година, како и Годишниот извештај за работата на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година.

Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2021 година, Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година, Предлог на одлука за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2020 година, Предлог на одлука за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2020 година, се само дел од најавените точки за денешната собраниска седница.
Годишен извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги за 2019 година.

Меѓу другите се и Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 година, Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2019 година, Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2019 година, Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2019 годинa, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2019 година, на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019 и на Агенцијата за администрација за 2019 година./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ