• Latest

Нацрт буџетот на ЕУ за идните седум години предвидува 12,6 милијарди евра за проширувањето

July 10, 2020
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нацрт буџетот на ЕУ за идните седум години предвидува 12,6 милијарди евра за проширувањето

July 10, 2020 14:52
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, ја презентираше последната верзија на неговиот предлог буџет за периодот 2021-2027, повеќето ставки се намалени, но за претпристапниот инструмент сликата е малку покомплексна, јавува дописничката на МИА од Брисел.Во пресрет на самитот на ЕУ идната недела на кој лидерите треба да постигнат значаен напредок во преговорите за седумгодишниот буџет на Унијата, Шарл Мишел, чија улога е да го изгради крајниот компромис, денеска предложи буџет за 20 милијарди евра помал од тоа што беше понудено во февруари – од 1094 милијарди на 1074 милијарди евра.

Во однос на земјите од проширувањето пак, за претпристапниот инструмент Мишел предлага 12,565 милијарди евра. Претпистапниот инструмент, или ИПА 3 за периодот 2021-2027, се фондовите на ЕУ
посветени на земјите од западниот Балкан и Турција за нивниот пат кон полноправно членство.

Оваа сума што ја предлага Европскиот Совет во пресрет на самитот претставува зголемување во споредба со тоа што Мишел го понуди во февруари, на почетокот на преговорите. Тогаш, предлогот изнесуваше 11,4 милијарди евра, значително намалување и во однос на предлогот на Европската Комисија од 2018, но и значително намалување во однос на претходниот седумгодишен буџет на Унијата, која ИПА фондовите
изнесуваа 13,2 милијарди евра.

Во меѓувреме, во текот на мај, Европската комисија излезе со ревидиран предлог во однос на оној од 2018, и оцени дека ИПА фондовите треба да достигнат 12,9 милијарди евра.

Се чини дека повикот на Европската комисија допрел до Мишел, но сепак со мало намалување. Сега Советот предлага ИПА 3 да изнесува околу 300 милиони евра помалку од тоа што го предложи Европската Комисија, од 12,9 на 12,565 милијарди евра. Истовремено новиот предлог на Европскиот Совет претставува и зголемување во однос на февруарскиот предлог од 1,2 милијарди евра.

Лидерите на земјите членки ќе се сретнат на 17 јули во Брисел, за прв пат физички после пет месеци. Претпристапните фондови не се најконтроверзната тема, и фокусот на лидерите ќе биде на бројни други
буџетски ставки, така што не се очекува голема разлика во конечниот компромис.

Кога ќе биде постигнат овој конечен компромис е пак исто така огромна непозната. Ставовите на 27 членки на ЕУ остануваат дијаметрално спротивставени помеѓу „четирите скромни“, Холандија, Шведска, Финска, Данска и јужните земји, со поддршка на Германија и Франција.

Буџетскиот предлог на Мишел е веќе мета на критики во Брисел денеска, многумина сметаат дека претставува голема отстапка кон четирите скромни земји во време кога Европската Унија се соочува со најдлабоката рецесија во својата историја.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ