• Latest
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025 18:36
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Пред денешниот американско-руски самит за војната во Украина, Јулија Навалнaja, сопругата на починатиот под мистериозни околности опозициски лидер Алексеј Навални, го повика претседателот Владимир Путин да ги ослободи сите политички затвореници.

– Овој чекор би влегол во историјата. Само направете го,  изјави таа во видео-порака упатена до учесниците на самитот во американската сојузна држава Алјаска. Навални почина во казнена колонија во 2024 година.

Навалнаја рече дека во Русија има околу 1.000 политички затвореници, а десетици се осудени на долги години во казнени колонии поради протестите против војната на Путин.

Путин и американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретнат во текот на денот во воена база близу Анкорејџ – нивна прва средба од почетокот на руската агресија пред речиси три и пол години. Се очекува разговорите да бидат насочени кон можни начини за постигнување примирје во Украина.

Навалнаја оцени дека во Анкорејџ постои шанса за историски состанок со реален резултат кој би можел да се памети. Таа порача дека ги има листите на затворениците, па ослободувањето би можело да се изведе брзо. Во видеото беа прикажани и фотографии од дел од притворените.

Тимот на Навални со години укажува на состојбата на политичките затвореници и тешките услови во руските казнени установи, кои често се закана по животот.

Сепак, таа изрази скептицизам дека самитот ќе доведе до крај на војната, потсетувајќи дека претходни примирја биле прекршувани, а надежите повторно уривани.  „Луѓето умираат секој ден,“ предупреди таа, додавајќи дека постои ризик договорите од Анкорејџ брзо да бидат заборавени.

Tags: Јулија НавалнајаПутин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ