По одредениот 30-дневен притвор, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални повика на масовни протести. Во видео снимка тој побара Русите да излезат на улица во знак на протест поради начинот на кој е постапувано кон него.
– Не плашете се, излезете на улица. Не излегувате за мене, излезете за себе и за својата иднина, рече Навални на видеото објавено на ЈуТјуб, пренесува Гардијан.
Навални беше уапсен вчера на аеродромот Шереметјево поради кршење на условна казна. Тој беше уапсен веднаш по доаѓањето од Германија, каде беше лекуван откако беше затруен со нервен агенс „новичок“ – за што западните земји ја обвинуваат Русија.
Тој беше ставен на потерница на 29 декември минатата година.
Рочиштето е закажано за 29 јануари, со цел да се утврди дали ќе се промени условната казна.
Судот во Москва му одреди притвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 15 февруари, изјави денеска адвокатот Вадим Кобзев.
– Судот во Химки му одреди притвор на Навални до 15 февруари, истакна Кобзев.
Навални е уапсен вчера на аеродромот Шереметјево, веднаш откако пристигнал од Германија, со образложение дека ја прекршил условната казна.
Рускиот опозициски лидер е ставен на потерница на 29 ноември минатата година.
Судското рочиште е закажано за 29 јануари, кога ќе се утврди дали условната казна ќе биде изменета.
Канцеларијата на ОН за човекови права денеска повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен во полициска станица по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше откако беше отриен со „новичок“ минатата година.
„Длабоко сме погодени од апсењето на Алексеј Навални и бараме негово итно ослободување и почитување на неговите права во согласност со владеењето на правото“, објави на Твитер Канцеларијата на ОН за човекови права, со седиште во Женева.
Распитот на Навални почна денеска во градот Химки, близу Москва, објави портпаролката на судот Кира Јармуш на Твитер. Според соработник на Навални, руските државни обвинители побарале од Судот да му се одреди притвор од 30 денови.